Размерите на разурнувањата од земјотресите се историски масивни, изјави шефот на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус.           Фото: АА

15:30 АФАД објави нова листа на приоритети за подрачјата погодени од земјотреси

Турската агенција за справување со вонредни ситуации и катастрофи (АФАД) објави нова листа на приоритети за помош на подрачјата погодени од земјотреси на југот на Туркије.

Како што е наведено од АФАД, управата направила одредени измени на списокот со приоритните работи кои се од помош за граѓаните погодени од земјотрес.

Најприоритетни се преносливи тоалети, потоа преносни тушеви, кревети, па шатори и ќебиња.

13:30 Турскиот авиопревозник евакуираше повеќе од 417.000 погодени од земјотресот

Турскиот авиопревозник Туркиш ерлајнс досега евакуираше 417.199 погодени лица од земјотресот од провинциите погодени од земјотресот, изјави во средата генералниот директор.

Преку 2.442 повратни летови, 277.439 персонал за пребарување и спасување и персонал за помош беа префрлени во провинциите, напиша Билал Екси на Твитер.

„Туркиш ерлајнс“, исто така, реализираше 418 карго летови и пренесе 16.062 тони хуманитарен материјал во зоната на катастрофата, додаде тој.

10:20 Земјотрес со јачина од 4,4 степени ја погоди турската област Хатај

Земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди подрачјето на Антакија во турската област Хатај, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение ја потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД).

Во соопштението објавено на интернет страницата на АФАД се вели дека земјотресот се случил во 10:20 часот по локално време.

Се додава дека земјотресот со јачина од 4,4 степени се случил на длабочина од 11,06 километри.

Инаку, на 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала погодија 11 турски области - Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Над 13 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, и многу луѓе во северозападна Сирија.

Во земјотресите во Туркије животот го загубија 45.089 лица.

09:40 Училиштата повторно се отвораат во Дијарбакир

Околу 478.000 ученици се вратија во училиштата во Дијарбaкир во Туркије. Околу 1.766 училишта беа отворени три недели по смртоносниот земјотрес на 6 февруари.

09:00 СЗО со поддршка за Туркије

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ќе ја поддржи Туркије во нејзиниот одговор на огромните земјотреси во кои загинаа повеќе од 50.000 [во Туркије и Сирија] рече генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејесус, бидејќи бројот на загинати постојано се зголемува.

Огромните земјотреси што ја погодија Туркије и соседна Сирија во последните три недели повредија повеќе од 108.000 и оставија 45.089 мртви во земјата, соопшти турската агенција за управување со катастрофи АФАД.

08:30 Бројот на загинати во Туркије надмина 45.000

Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије се искачи на 45.089, соопшти агенцијата за управување со катастрофи АФАД.

Повеќе од 13 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, како и голем број жители во северозападна Сирија. Во вторникот, претседателот на Туркије вети дека ќе го реконструира јужниот регион на земјата по силните земјотреси.

„Со завршувањето на активностите за отстранување на остатоците, започнуваме со реконструкција и заживување на нашиот регион“, рече Реџеп Таип Ердоган на брифинг со новинарите во областа Елбистан во провинцијата Кахраманмараш, област која беше епицентар на разорните земјотреси.

„За неколку месеци започнуваме со изградба на 309.000 куќи, вклучително и куќи во селата, низ зоната на земјотресот“, додаде тој.

07:30 СЗО: Земјотресите „масовни во модерната историја“

Размерите на разурнувањата од земјотресите се историски масивни, изјави шефот на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус.

Гебрејесус зборуваше на заедничката прес-конференција со турскиот министер за здравство Фахретин Коџа за време на посетата на регионот погоден од земјотресот.

„Уништување што го забележавме е навистина, навистина огромно“, рече Гебрејесус. Осврнувајќи се на билансот на загинати и повредени, тој рече: „Ова е масовно во модерната историја“.

Од своја страна, Коџа рече дека се обидуваат што поскоро да ги залечат раните од земјотресот и изрази благодарност до сите земји, меѓународни организации и невладини организации кои ја поддржаа Туркије во процесот.

07:00 ОН: Сирија се соочува со епидемии на колера по земјотресите

Северозападна Сирија е со очена со епидемии на колера по смртоносните земјотреси кои го влошија и онака страшниот хуманитарен пејзаж, изјави шефот за хуманитарни прашања на ОН.

„Ризикот од болести расте во услови на веќе постоечки епидемии на колера“, рече Мартин Грифитс пред Советот за безбедност. „Поскапуваат цените на храната, трошоците за домаќинството и другите основни производи.

Цивилната одбрана на сириската опозиција соопшти дека досега 22 лица починале од епидемија на колера.

TRT Balkan / агенции
Популарни