19:00 Зголемен бројот на загинатите во земјотресите во Туркије
Бројот за загинатите во земјотресите кои на 6 февруари го погодија југот на Туркије порасна на 35.518, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Турскиот претседател додаде дека на болничко лекување се 13.208 повредени.
17:00 Во Кахриманмараш спасена жена 205 часа по земјотресот
Од под урнатините на зграда во Кахриманмараш спасена е 35-годишната Ајшеѓул Бајир , дури 205 часа по земјотресите што на 6 февруари го погодија југот на Туркије.
Бројни спасувачки екипи се во трка со времето и продолжуваат со потрага и спасување деветти ден од разорните земјотреси.
Тимот за пребарување и спасување на Жандармеријата денес од под урнатините на зграда откри живо лице и со неа воспостави комуникација.
Спасувачките екипи ископаа втор тунел за да дојдат до жената која потоа успеааја да ја извлечат од урнатините.

Спасената жена, 35-годишната Ајшенѓул Бајир веднаш по укажаната прва медицинска помош е префрлена во болница.
Собраните луѓе и семејството со големо воодушевување го спавеа спасувањето на уште едно лице. Али Каспак, кој учествуваше во акцијата на спасување, рече дека се среќни поради уште еден спасен живот.
„Нашиот тим е пресреќен, ова ни дава надеж и понатаму. Се бориме со сите средства да спасиме уште луѓе. Тука остануваме додека не го спасиме последното лице“, рече Каспак.
15:30 Жена спасена од урнатините 204 часа по земјотресот
Жена со странско потекло е спасена од урнатините на зграда во градот Антакија, Хатај, 204 часа по земјотресот што минатиот понеделник ја погоди јужна Туркије.
Бројни спасувачки екипи продолжуваат со операциите за пребарување и спасување во градот Антакија во турската област Хатај, погодена од земјотресот што го нарекуваат „катастрофа на векот“.
Спасувачите денеска, по огромни напори, од урнатините во централниот дел на Антакија успеаја да спасат женско лице со странско потекло, Муна Дабул, која веднаш е префрлена во болница.
14:30 Рударите спасија 26-годишна жена 201 час по земјотресот
26-годишна жена, која остана под урнатините на зграда во Хатај, спасена е 201 час по земјотресот што во понеделникот минатата недела ги погоди јужните делови на Туркије.
Бројни тимови продолжуваат со напорите за пребарување и спасување во градот Антакија во Хатај.
Припадниците на рударскиот спасувачки тим денес, по огромни напори, успеаја да ја спасат 26-годишната просветна работничка Емине Акѓул од урнатините на станбена зграда.
По спасувањето, жената со амбулантно возило веднаш е префрлена во болница.
12: 15 Бројот на жртвите се искачи на 31.974, соопшти агенцијата за катастрофи
Бројот на жртвите од силните земјотреси што минатата недела ја погодија јужна Туркије се искачи на 31.974, соопшти агенцијата за катастрофи.
Во меѓувреме продолжуваат напорите на спасувачките тимови за лоцирање на преживеаните и по 200 часа поминати под урнатините.
Повеќе од 249.000 лица за пребарување и спасување моментално работат на терен, соопшти турското Претседателство за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Според АФАД, од регионите погодени од земјотресот досега се евакуирани речиси 195.962 лица.
Вкупно 9.315 странски персонал од 80 земји моментално работат во зоната на катастрофата, соопшти во понеделникот турското Министерство за надворешни работи.
12:00 Превоз на бебињата од подрачјата погодени од земјотресот со претседателскиот авион
Уште 15 бебиња на возраст до една година беа пренесени во Анкара со претседателскиот авион од регионите погодени од земјотресот на југот на Туркије.
Како што потврдија од Министерството за здравство на Туркије, на секое од бебињата им била одредена дадилка, а транспортната група била придружувана од неколку лекари.
Транспортот на децата погодени од земјотресот, како и на други повредени, продолжува да се врши со сите расположливи авиони, а за транспорт на бебињата е определен и претседателскиот авион „ДАП“.
Последната група бебиња е сместена во градската болница „Етлик“, во турската престолнина Анкара.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во областа Кахраманмараш, а голем број спасувачки тимови сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.
08:30 Браќа извлечени живи од урнатините во Кахраманмараш 198 часа по разорните земјотреси
Двајца браќа, Мухамед Енес Јенинар (17) и Баки Јенинар беа спасени во Кахраманмараш, 198 часа по смртоносните земјотреси.
18-годишниот Мухамед Кафер Четин, исто така, беше спасен во провинцијата Адијаман 198 часа по земјотресите.
Најмалку 31.643 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Туркије на 6 февруари. Повеќе од 80.000 други беа повредени.
Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во провинцијата Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 10 провинции, вклучувајќи ги Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије и Шанлиурфа.
Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Турција за помалку од 10 часа.
08:10 Русија: Повеќе од 300 војници и помагаат на Сирија да се опорави од земјотресот
Според руското Министерство за одбрана, повеќе од 300 руски војници и 60 единици на специјална воена опрема се вклучени со цел да и помогнат на Сирија по разорниот земјотрес што се случи пред повеќе од една недела.
„Службениците на руската група сили продолжуваат да вршат активности за расчистување на урнатините и елиминирање на последиците од земјотресите“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на апликацијата Телеграм во вторникот кое се однесува на руските сили стационирани во Сирија.
Режимските медиуми соопштија дека 1.414 луѓе загинале во областите во земјата контролирани од режимот. Белите шлемови соопштија дека 3.167 луѓе загинале во областите под контрола на опозицијата, со што вкупниот број на загинати во Сирија е 4.581. Меѓутоа, руските сили успеаја да им помогнат само на оние во областите под контрола на режимот.
08:00 Мексико му оддава почит на Протео: Kучето херој кое загина во Туркије
Мексико му оддаде почит на военото куче за спасување кое загина додека трагаше по преживеани под урнатините од земјотресот во Туркије.
Министерот за одбрана Луис Кресенсио Сандовал ја објави смртта на германскиот овчар наречен Протео на прес-конференција на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор во понеделникот.