Гувернерот на Минесота, Тим Волц, и се заблагодари на потпретседателката Камала Харис што го избра за нејзин кандидат, повикувајќи ги демократските гласачи „да продолжат да се борат“ за основните вредности на нивната изборна кампања.
Во првата јавна изјава откако Харис ја загуби претседателската трка од поранешниот претседател Доналд Трамп, Волц и се заблагодари на Харис за нејзината доверба и рече дека му било најголема чест и привилегија во живот да ја водат заедничката кампања.
„Иако исходот не е онаков каков што сакавме, јас сум благодарен на милионите Американци кои се приклучија на нашата кампања и застанаа во одбрана на нашите најголеми идеали: пристојност, сочувство и љубов кон нашиот сосед“, напиша тој на X.
„Сега повеќе од кога било, ни треба да продолжите да се борите за тие вредности и за земјата што сите ја сакаме“, додаде тој.
Трамп е веќе потврдено дека освоил над 270 електорски гласови што е основниот праг за да го освои претседателството и со тоа да го започне вториот мандат во Белата куќа.