За да се надгледува украинскиот извоз на жито, на 27 јули официјално беше отворен Заедничкиот координативен центар во Истанбул      Фото: АА

Шест брода со жито во последните два дена ги напуштија украинските пристаништа како дел од историскиот договор постигнат со посредство на Туркије за конечно ослободување на заглавеното жито поради војната што Русија ја започна во Украина.

Министерството за национална одбрана на Туркије соопшти дека уште два брода со жито запловиле од Украина.

Според соопштението на Министерството, испораките на жито од украинските пристаништа продолжуваат во рамките на работата на Заедничкиот координативен центар.

Утрово од Јужни тргна бродот САКУРА кој превезува 11.000 тони соја за Италија, а од Черноморск заплови бродот АРИЗОНА кој превезува 48.458 тони пченка за Искендерун, јужна Туркије.

Исто така, четири брода кои вчера тргнаа од украинските пристаништа и продолжуваат да пловат кон Истанбул вечерва ќе се закотват во метрополата, а утре ќе им биде извршена контрола.

На 22 јули, Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за повторно отворање на три украински пристаништа за извоз на украинско жито, кое со месеци беше заглавено поради руско-украинската војна, која сега веќе влезе во шестиот месец.

За да се надгледува украинскиот извоз на жито, на 27 јули официјално беше отворен Заедничкиот координативен центар во Истанбул, составен од претставници од трите земји и ОН за да се овозможи безбеден транспорт на комерцијални прехранбени производи и ѓубрива со трговски бродови.




TRT Balkan / агенции
Популарни