Министерството за надворешни работи на Република Туркије ги отфрли и ги оцени за неприфатливи тврдењата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху против Египет и оцени дека имаат за цел одржување на израелското воено присуство во коридорот Филаделфија на границата со Египет и појасот Газа.
Во соопштението се наведува дека израелскиот премиер Нетанјаху продолжува да кажува лаги да ја манипулира јавноста со цел да ги прикрие злосторствата што ги направи во Газа и да спречи успешно завршување на преговорите за прекин на огнот.
„Последните обвинувања на Нетанјаху против Арапската Република Египет за одржување на военото присуство на Израел во „Коридорот Филаделфија“ се неприфатливи“, се вели во соопштението на Анкара.
Туркије, исто така, рече дека ги поддржува посредничките напори на Египет да стави крај на војната во Газа и да им подаде рака на помош на милиони Палестинци.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција на 2 септември изјави дека постигнувањето на целите на војната во Газа помина низ Коридорот Филаделфија и најави дека израелските сили нема да се повлечат од областа.
„Штом ќе го напуштиме коридорот, кој се наоѓа на границата меѓу Појасот Газа и Египет, нема да има пречки за масовна инфилтрација на оружје, воени материјали, опрема неопходна за производство на проектили и машини за копање тунели. Газа стана голема закана за Израел бидејќи нема пречки во коридорот Филаделфија“, рече Нетанјаху и додаде дека Иран е одговорен за воените способности во Газа, бидејќи ги надгледува, финансира и насочува.
Египетското Министерство за надворешни работи претходно ги отфрли сите тврдења на израелските власти во врска со коридорот Филаделфија.