САД и Јужна Кореја спроведуваат една од најголемите воени вежби во изминатите неколку години.     Фото: АА (Архива)

Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави (САД) ја одржуваат најголемата воена вежба во последните неколку години, за да ја подобрат својата одбранбена соработка против растечките закани од Северна Кореја.

Најавено е дека вежбата насловена „Ulchi Freedom Shield", во која учествуваат десетици илјади војници, како и воени авиони и бродови, ќе трае до 1 септември.

Во првите четири дена ќе биде одржана обука за цивилна одбрана, обука за изведување заеднички напади и обука за снабдување на линијата на фронтот.

Најавена е и вежба за употреба на беспилотни летала и воени техноогии од новата генерација, како и обука на одбраната на пристаништата, аеродромите и индустриските зони.

Неколку заеднички вежби на САД и Јужна Кореја беа одложувани во последните години поради загриженоста околу пандемијата од Ковид-19 и продолжување на дипломатските контакти со Северна Кореја.

Властите на Северна Кореја досега не реагираа на организирање на оваа опсежна 11-дневна воена вежба во нејзиното соседство.

AA
Популарни