Биби, ја бомбардиравте мојата сопруга и моите две деца, кои беа најважното нешто во мојот живот, рече Јардин Бибас / Photo: AA

Израелски заложник, кој e во заробеништво на палестинската група Хамас, во четвртокот го замоли премиерот Бенјамин Нетанјаху да организира погреб на членовите на неговото семејство во Израел, откако тие беа убиени во израелски воздушен напад врз Појасот Газа.

Молбата дојде во снимената порака објавена од вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам.

„Биби (Нетанјаху), ја бомбардиравте и убивте мојата сопруга и моите две деца, кои беа најважното нешто во мојот живот“, рече Јардин Бибас.

„Барам од вас да го вратите моето семејство во нивната татковина за да бидат погребани во Израел“, емотивно додаде тој.

„Биби, те молам да ги вратиш во Израел. Ве молиме вратете ги дома“.

Бригадите Ал-Касам претходно соопштија дека Шири Бибас и нејзините две деца - 4 годишната Ариел и 10 месечниот Кфир биле убиени за време на воздушен напад на израелски воени авиони на Појасот Газа, без да ја прецизира локацијата или времето на нападот.

Тие посочија дека „понудиле да ги предадат трите тела на израелската окупација, но таа одбила да ги прифати“.

Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, во четвртокот на прес-конференција рече дека „Тврдењата на Хамас во врска со семејството Бибас остануваат непотврдени, а објавената документација е психолошки тероризам“.

Во понеделникот, израелскиот Канал 13 објави, цитирајќи ги роднините на ослободените израелски заложници од Газа, дека заложниците „не се соочиле со малтретирање и не биле подложени на тортура“ за време на нивното заробеништво со Хамас.

Израелскиот канал истакна дека заложниците „генерално зборуваат за добар третман таму од страна на активистите на Хамас, а освен недостигот на лекови, тие не биле подложени на насилен третман или злоупотреба“.

AA
Популарни