Американската амбасада во Украина денеска беше затворена откако издаде предупредување за потенцијален воздушен напад од големи размери.
„Амбасадата на САД во Киев доби конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември. Поради големата претпазливост, Амбасадата ќе биде затворена, а вработените во Амбасадата добиваат инструкции да се засолнат“, се вели во соопштението.
Граѓаните на САД беа повикани да се подготват за воздушни предупредувања, да ги следат локалните ажурирања, да лоцираат засолништа и да ги следат упатствата од украинските власти.
Предупредувањетоо дојде еден ден откако Украина за прв пат ја нападна руската територија со ракети од американско производство.
TRT Balkan / агенции