Првиот брод со украинско жито пристигна за инспекциски надзор во Истанбул     Фото: АА

Меѓународниот тим од Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) во Истанбул ја заврши проверката на бродот „Разони“, првиот брод кој превезува украинско жито што ја напушти Украина од почетокот на војната со Русија.

Проверката траеше повеќе од еден час и по добиените безбедносни дозволи во Истанбул, бродот ќе продолжи да плови кон пристаништето Триполи, во Либан.

Бродот под знамето на Сиера Леоне, натоварен со 26.500 тони пченка, пристигна во вторникот вечерта во Истанбулскиот теснец на влезот во Црното Море и се закотви на одредената локација.

Туркије, пофалена од меѓународната заедница за нејзината посредничка улога, го координираше со Москва и Киев отворањето на коридорот од украинскиот пристанишен град Одеса за обновување на глобалните испораки на жито што беа запрени од 24 февруари поради руско-украинската војна. ,

Инаку, првиот брод со украинско жито, кој исплови од Одеса во понеделникот, пристигна за инспекциски надзор во Истанбул вчеравечер.

Претставници на Русија, Украина, Туркије и на Обединетите нации (ОН) кои работат во Заедничкиот координативен центар формиран во кампусот на Универзитетот за национална одбрана, со два чамци заминаа да извршат инспекциски надзор на бродот од Украина натоварен со пченка кој пристигна во Истанбул синоќа.



Проверката траеше повеќе од еден час и по добиените безбедносни дозволи во Истанбул, бродот ќе продолжи да плови кон пристаништето Триполи, во Либан. Others

Заедничкиот инспекциски тим од центарот, кој ја следи и надгледува пловидбата на бродот, со чамците „Милева“ и „Ѓозџу-1“ тргнаа во инспекција на бродот.

Делегацијата изврши инспекциски надзор на трговскиот брод во согласност со договорените процедури и принципи.

Заедничкиот координативен центар започна со своите активности во согласност со одредбите од Иницијативниот документ за безбедна испорака на жито и прехранбени производи од украинските пристаништа меѓу Туркије, Русија, Украина и Обединетите нации (ОН), под покровителство на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган.

AA
Популарни