Зеленски следната недела би требало да се состане со Бајден во Белата куќа

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, се очекува следната недела да ја посети Белата куќа, каде што ќе се состане со претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден.

Неколку американски медиуми ја пренесоа оваа вест, повикувајќи се на американски официјални претставници, без дополнителни детали.

Советот за национална безбедност на Белата куќа не ги потврди овие наводи.

Следната недела Зеленски ќе престојува во Њујорк за да учествува на Генералното собрание на Обединетите нации, каде што се очекува да одржи неколку билатерални средби, вклучително и состанок со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за да разговара за напорите за обновување на Договорот за црноморското жито.

Во декември Зеленски го посети Вашингтон каде што се состана со Бајден и се обрати на заедничката седница пред Конгресот на САД.

Во февруари Бајден го посети Киев, а двајцата лидери последен пат се сретнаа во јули на маргините на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија.

Се очекува во текот на посетата на Вашингтон, Зеленски да го посети и Капитол Хил, во време кога Бајден ќе побара од Конгресот да одобри повеќе од 24 милијарди долари воена и хуманитарна помош за Украина.

TRT Balkan / агенции
Популарни