Земјотрес со интензитет од 4,8 степени ја потресе турската област Болу / Photo: AA

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени по Рихтер во 13:55 часот по локално време ја потресе турската област Болу.

Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на својата интернет-страница објави дека епицентарот на земјотресот со интензитет од 4,8 степени се наоѓа во подрачјето на градот Болу. Земјотресот бил на длабочина од 8,13 километри.

Земјотресот што бил почувствуван и во соседните области Суџе и Сакарија, предизвикал паника, а некои од граѓаните излегле на улица.

Јунус Сезер, претседателот на АФАД, соопшти дека засега нема негативни појави во врска со земјотресот со епицентар во подрачјето на Болу.

Сезер на својот профил на социјалните мрежи објави: „По земјотресот од 4,8 степени што ја потресе областа Болу, засега нема негативна ситуација. Продолжува скенирањето на теренот. Нека им е со помин на сите наши граѓани во регионот.“

TRT Balkan / агенции
Популарни