Земјотрес со интензитет од 7 степени ги потресе Кина и соседните земји / Photo: AA

Земјотрес со интензитет од 7 степени според Рихтер вчера ги потресе крајните северозападни делови на Кина, а потресот е почувствуван и во соседните земји Киргистан, Казахстан и Таџикистан.

Американскиот завод за геолошки истражувања објави дека епицентарот на земјотресот е во градот Акјолу во близина на кинеско-киргистанската граница, на длабочина од 13 километри.

Потресот е почувствуван во цела Централна Азија.

TRT Balkan / агенции
Популарни