Во израелската офанзива загинаа повеќе од 47.500 луѓе / Photo: AA

Животот во Газа продолжува под особено тешки услови откако на 19 јануари стапи на сила првата фаза од шестнеделниот прекин на огнот, со што е запрено војувањето на Израел против Појасот Газа.

Палестинците кои се враќаат во бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Газа, се борат да преживеат меѓу урнатините на зградите што беа уништени во текот на израелските напади.

Во израелската офанзива загинаа повеќе од 47.500 луѓе, регионот беше претворен во урнатини, а се предизвика масовно раселување на цивилното население и сериозен недостиг на основни средства за живот.

Во ноември Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во овој регион.

TRT Balkan / агенции
Популарни