Кендрик Ламар е првиот рапер добитник на Пулицеровата награда за литература. Се повеќе се отвора вратата овој жанр да се изучува во училиштата од различни аспекти, музика, поезија, општествени науки и да го реформира образованието/ Фото: AP

Оваа година се одбележуваат 50 години од раѓањето на хип-хопот во Бронкс, Њујорк.

Оттогаш, хип-хопот претрпе различни промени и транзиции, од глас за сиромашните и расно дискриминирани Американци - рапувајќи со ритам за неправдите со кои рутински се соочуваат - до еден од комерцијално најуспешните музички жанрови во светот.

Франческа Д'Амико-Катберт канадска историчарка на хип-хопот и наставник, неодамна во разговор за ТРТ Ворлд го посочува тоа што често (и за жал) е занемарено за хип-хопот како едукативна вредност и потенцијал. Таа црпи од нејзиното лични и професионално искуство, илустрирајќи како хип-хопот може да се примени како педагошки стил кој на учениците им претставува уникатна животна историја и искуства, кои се вон мејнстрим дискусијата, и како да бидат активни со цел да создадат поправедно и подобро општество.

Хип-хоп педагогија - Нов образовен предмет

„Сметам дека хип-хоп педагогијата често се разбира како истражување на креативните аспекти на жанрот во контекст на образованието. На пример една рап песна може да се разложи на повеќе елементи меѓу кои литературната компонента во контекст на англискиот јазик и да се анализира како поетска форма, со што се потврдува дека е форма на поезија“, вели таа.

Д'Амико-Катберт дополнува и дека ваков предмет може да се примени за да се создаде критичко размислување за културата, од социолишки, филозовски и историски аспект.

„Исто така предавањето на хип-хоп во училиштата ќе помогне да се преиспита работата на школската администрација, казнената политика за учениците и преку призмата на општествено ангажираните текстови да се разгледа одговор на овие прашања“, вели Д'Амико-Катберт за ТРТ Ворлд.

Хип-хопот како алатка за реформа на образовниот систем

Дополнително, Д'Амико-Катберт смета дека хип-хопот може да послужи и како алатка за реформа на образовниот систем, особено со дополнување на програмата со нови знаења и историја која засега не е целосно опфатена со стандардните предмети.

„Образованието има цел да ги ослободи луѓето, да ги насочи кон слобода на мислата, пристап до знаењето, растот и унапредување на една личност, преку образовните можности. Но, тоа не е единствената слика која ја имаат учениците. Особено кога на пример ќе откријат дека на нивните часови по историја не се предава се, и некои работи ги учат сами што може да им предизвика фрустрација“, вели таа.

Така хип-хопот на многу млади луѓе, особено во 80-те години им обезбеди информации за полициското насилство, разисмот, сиромаштијата и итн.

„Тоа ја зголеми љубопитноста кај луѓето за тоа зошто институциите како училиштата, медиумите, и владата го прикриваат знаењето што го пренесува хип-хопот. Знаење што ги осветлува тешките искуства кои не значи дека ги отсликуваат или надополнуваат мејнстрим наративите“, посочува Д'Амико-Катберт.

Според неа почетна точка може да бидат поединечните елементи на хип-хопот како уметноста на графити, танцот, диџејството и рапувањето, но и да се размислува на хип-хопот како целина која овозможува креативно изразување на спротиставени ставови во општеството.

TRT World
Популарни