Долгогодишните филмски продуценти за Бонд, Мајкл Џ. Вилсон и Барбара Броколи сега со Амазон се заеднички сопственици на франшизата / Photo: AFP

Компанијата Амазон МГМ студиос постигнаа договор да ја преземат креативна контрола врз филмската франшиза за агентот 007 Џејмс Бонд, објавија денеска американските медиуми.

Компанијата склучидоговор со долгогодишните филмски продуценти за Бонд, Мајкл Џ. Вилсон и Барбара Броколи.

Како што е соопштено, филмското студио на Амазон и Вилсон и Броколи сега се заеднички сопственици според договорот, но Амазон МГМ ќе има креативна контрола врз франшизата.

„Почестени сме да го продолжиме ова скапоцено кинематско наследство и со нетрпение го очекуваме почетокот на новата фаза за легендарниот агент“, изјави извршниот директор на филмското студио на Амазон, Мајк Хопкинс.

Компанијата на Џеф Безос го купи МГМ во 2022 година и ги стекна правата да ги дистрибуира сите филмови за Бонд.

TRT Balkan / агенции
Популарни