Синоќа започна 44. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кој традиционално се одржува во Битола во спомен на „Браќа Манаки“, кои важат за првите сниматели на Балканот.
Фестивалот кој годинава се организира под слоганот „Прекрасното непознато“ започна во Центарот за култура во Битола со учество на голем број гости.
Годинава на фестивалот, кој ќе трае до 29 септември, ќе бидат прикажани 80 филмови и ќе бидат организирани семинари, дискусии и работилници.
На 44. Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ ќе биде прикажан и филмот „Kuru Otlar Üstüne“ (Преку сувата трева) на Нури Билге Џејлан, кој е избран за претставник на Туркије на 96. доделување на филмските награди Оскар во категоријата „Најдобар меѓународен филм“.
Овој филм на актерката Мерве Диздар и ја донесе „Наградата за најдобра актерка“ на 76. издание на Канскиот филмски фестивал што се одржа во Франција.
Во рамките на фестивалот Манаки, наградата „Златна камера 300“ за животно дело му беше доделена на оскаровецот, кинематографот Питер Бижу, а наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ ја прими актерката и продуцентка Лабина Митевска.
На свеченото затворање на фестивалот, специјалната награда „Златна камера 300“ за исклучителен придонес во светската кинематографска уметност ќе му биде доделена на режисерот Шејмус Мекгарви.
Фестивалот е чувар на споменот на браќа Манаки
Министерка за култура на Република Северна Македонија, Бисера Костадиновска Стојчевска, во своето обраќање на свеченоста рече дека фестивалот кој ги негува вредностите на врвната визуелна уметност е чувар на споменот на љубопитните браќа Манаки за кои дотогаш непознатото било голем предизвик, а тој предизвик нѐ донесе до прекрасното непознато.
Опишувајќи ја филмската уметност како моќна алатка и најразбирлив јазик кој лесно ги минува сите пречки, Стојчевска рече: „Филмската уметност е моќен медиум, најразбирливиот јазик кој лесно ги минува сите бариери. Тоа одамна го сознаа браќата Манаки и влегувајќи во свој филм допреа до прекрасното непознато, онаму каде што одите и вие. Празникот во Битола веќе започна. Го прогласувам фестивалот за отворен.“
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски обраќајќи им се на гостите, рече дека како домаќини на фестивалот, ширум ги отвориле вратите на културните институции.
„Ова издание на фестивалот Браќа Манаки, 44. по ред, е нова потврда за културно-уметничкиот раст на фестивалот, но и на градот со него, кој годинава ќе пречека рекорден број гости“, рече Коњановски.
Директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски истакна дека годинава ќе бидат домаќини на над 350 филмски работници и додаде: „Годинава имаме рекордни 80 филмови, 9 работилници и десетина различни настани кој ќе остават својот сопствен магичен печат и белег врз самата душа на Битола.“
Организатор на фестивалот е Друштвото на филмски работници на Македонија, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а фестивалот го подржаа Министерството за култура на Северна Македонија, општина Битола и различни институции и организации.
Фестивалот ќе се одржи на три различни локации во градот Битола, Центарот за култура, Киното Манаки и Офицерскиот дом.
Фестивалот, кој првпат се одржа во 1979 година, се организира во спомен на делата на Јанаки и Милтон Манаки.
Филмскиот фестивал ги носи имињата на браќата Јанаки и Милтон Манаки, познати како први филмски сниматели на Балканот. Браќата Манаки се занимавале со фотографија во Македонија на почетокот на 20 век.
Јанаки Манаки во Лондон, Англија, купува камера од компанијата „Charles Urban Trading”, моделот BIOSCOPE со сериски број 300. Двајцаа браќа со оваа камера ги прават првите кадри на балканските простори, снимајќи локални случувања, традиции и обичаи од регионот, како и посетите на Солун и на Битола од страна на Султанот Мехмед Решат, еден од османлиските владатели.
Сите снимки на двајцата браќа се чуваат во архивата на „Кинотека на Северна Македонија“.