Во главниот град на Северна Македонија започна дводневниот фестивал на светлината „ Skopje light festival 2022" (Скопје лајт фестивал 2022) на кој уметниците ги промовираат своите светлосни перформанси преку најразлични светлосни инсталации и видео проекции.
На петтото издание на фестивалот, кој овој пат се одржува во Градскиот парк во Скопје, повеќе од 10 уметници од Северна Македонија им ги понудија на посетителите свои различни дела, а своите презентации ги претставија и учениците од средното училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“.
Организаторите велат дека со цел да одговорат на предизвиците на енергетската криза, а притоа да не се доведува во прашање одржувањето на фестивалот, бројот на фестивалски денови е намален на само два дена, додека сите инсталации и изведби се со ЛЕД осветлување и имаат минимална потрошувачка.
Фестивалот е во организација на Универзалната сала, додека е поддржан од Град Скопје и Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, како и други донатори.