Филмот „Hüzün Üçgeni“ (Тираголник на тагата), кој е во копродукција на ТРТ и е добитник на наградата „Златна палма“, освои четири награди на 35. издание на Европските филмски награди организирано од страна на Европската филмска академија.
Според соопштението на ТРТ, на церемонијата за награди одржана во главниот град на Исланд, Рејкјавик, филмот ја доби наградата „Најдобар филм“, додека шведскиот режисер и сценарист Рубен Естлунд ги освои наградите „Најдобар режисер“ и „Најдобро сценарио“.
Исто така, хрватско-данскиот актер Златко Буриќ, кој во филмот ја игра улогата на руски милијардер, ја доби наградата „Најдобар актер“.
Филмовите кои се во копродукција на ТРТ, веќе 2 години по ред ги добиваат наградите „Најдобар филм“ и „Најдобар режисер“ на Европските филмски награди.
Минатата година, филмот „Quo Vadis, Aida?“, чиј режисер е босанската режисерка Јасминка Збаниќ, ги доби наградите „Најдобар филм“, „Најдобар режисер“ и „Најдобра актерка“.
Генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собаџи, преку социјалните мрежи упати честитки по повод освојувањето награди од страна на филмот „Триаголник на тагата“.
„Филмот „Триаголник на тагата“, кој е во копродукција на ТРТ, ги освои наградите „Најдобар филм“, „Најдобар режисер“, „Најдобар сценарист“ и „Најдобар актер“ на Европските филмски награди, што се познати како Оскарот на Европа. На тој начин, нашите филмови 2 години по ред станаа најдобри во Европа. Им честитам на екипата на филмот“, напиша Собаџи.
Филмот е во копродукција на Туркије, Шведска, Франција, САД, Велика Британија, Швајцарија и Грција, додека тема на филмот е доживувањата на младиот пар Карл и Јаја, кои работат како манекени, за време на патувањето со суперлуксузниот брод на кој се наоѓаат милијардери.
Меѓу другото, наградата „Европски придонес во светската кинематографија“ во рамки на Европските филмски награди, е доделена на палестинската режисерка Елија Сулејман, чиј последен филм „It Must Be Heaven“, кој е во копродукција на ТРТ, во 2019 година се натпреваруваше на Филмскиот фестивал во Кан, и ги освои наградите „Special mansion“ и „FIPRESCI“.
Во рамки на 35. издание на Европските филмски награди беа соопштени и кандидатите за „Награда на публиката LUX 2023“. Филмот „Триаголник на тагата“ е еден од петте кандидати номинирани за оваа награда создадена во соработка со Европскиот парламент, Европската филмска академија, Европската комисија и „Europa Cinemas“. Церемонијата за доделување награди ќе се одржи на 14 јуни 2023 година во Стразбур.