Се одржа 14-тото издание на Меѓународни награди за документарци на ТРТ / Photo: AA

Во организација на турската национална телевизија, ТРТ од 14 до 17 декември во Истанбул се одржа 14-тото издание на меѓународните награди за документарни филмови. Оваа година учество зедоа многу стручни гости од оваа област.

За време на четиридневниот настан, на публиката и беа прикажани домашни и меѓународни документарни филмови кои се натпреваруваа во различни категории како и специјални селективни филмови, што ја збогатија документарната клима во Туркије.

„Објектив на демократијата“ е награден за најдобар филм во меѓународната категорија, додека „Фланер“ е избран за најдобар филм во националната професионална категорија.

Генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собачи рече дека овој настан е најголем фестивал на документарен филм во Туркије.

„Документарецот е потрага по занемарени, скриени или заборавени вистини во обичниот тек на животот. Тоа е најдлабокиот, детален и најзначаен приказ на манифестациите од постоењето на екранот“, рече Собачи.

Тој истакна дека е невозможно да се не спомне ТРТ кога се зборува за историјата и авантурата на документарните филмови во Туркије „бидејќи ТРТ, од своето основање, стана школа за правење документарци. Обучи многу големи мајстори, беше пионер во формирањето на публика која сака документаристика, а својот успех на ова поле го круниса со наградата Еми во категоријата документарци во септември“.

„Враќање на вистината на вистинскиот пат“

Директорот за комуникации на Туркије, Фахретин Алтун исто така присуствуваше на церемонијата и изрази големо задоволство и среќа што е присутен со водечките документаристи од целиот свет.

Истакнувајќи ја големата важност да се каже вистината и да се остане лојален на неа, Алтун изјави дека расизмот, говорот на омраза, исламофобијата и порастот на ксенофобијата се дел од вистините на 21 век.

„Фактот дека во Газа не се убиваат само муслимани, туку се убива и човештвото, бомбардирањето на мирот и братството, спокојството и стабилноста што се случува во Палестина, повеќе од два месеци пред очите на целиот свет, за жал е вистина. Од кој агол и да го погледнете, вистината е дека Израел врши големо воено злосторство, врши геноцид и уби повеќе од 20.000 невини луѓе пред повеќе од два месеци, неселективно пред очите на целиот свет“, додаде тој.

Алтун пренесе дека постои реалност во која одредени субјекти користејќи го своето медиумско влијание се обидуваат да го насочат човештвото кон катастрофа. Тоа го прават со манипулирање со вистината во лага и обратно со ширење дезинформации.

Тој нагласи дека документарниот филм зазема многу важно место во овој поглед, бидејќи е моќен начин да се прикаже невидливото и да се слушне нечуеното.

„Документарците-ветерани исполнуваат многу важна одговорност барајќи да ја вратат вистината која намерно или ненамерно е маргинализирана на вистинскиот пат“, рече тој.

TRT World
Популарни