Руралната жена низ објективот: Рушење на стереотипите

Во текот на изминатитот викенд, односно на 10 март во Домот на културата во Конче отворена е изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ од авторката Лејла Куртов. Во рамките на изложбата, претставени се 19 фотографии и 17 животни приказни со кои авторката сака да го скрши стереотипот за руралната жена во општеството.

Авторката Лејла Куртов е родена во Скопје во 1996 година. Таа е дипломиран педагог на Филозофскиот факултет во Скопје, воспитувач во Детската градинка „12-ти јули“ во Конче каде се грижи и ги воспитува децата.

Покрај нејзината професионална дејност, таа во слободно време се занимава со фотографија и уметничко сликање. Во разговор за ТРТ Балкан, таа открива како дошла до идејата да ги фотографија руралните жени и да ги претстави од еден сосема поинаков аспект, низ објективот на фотоапаратот на една млада личност.

Куртов вели дека идејата да ги фотографира руралните жени дошла сосема случајно.

„Идејата ја добив пред едно година дена кога шетав низ Конче со својот апарат, а една од жените која ја фотографирав ме замоли да ја фотографирам заедно со своите другарки како сукаат кори,,тука во нашата општина тоа е традиционално јадење и многу често може да ги видите жените како сукаат кори нанубавите сончеви денови. Па така вечерта кога ги разгледував фотографиите добив идеја ,и сметам дека фотографијата е момент кој пренесува значајна порака. Затоа одлучив, оваа изложба да биде посветена на секоја рурална жена во нашата држава“, изјави Куртов во интервју за ТРТ Балкан.

Руралната жена низ објективот: Рушење на стереотипите Others

Истакнува дека визијата за оваа изложба и самата цел е да ги „скрши“ стереотипите за руралните жени во општеството. „Руралните жени не се само жени кои се занимаваат со земјоделско производство, туку се и жени кои можат да придонесат во многу сфери на животот. Тие жени се и медициски сестри, докторки ,учителки, негувателки ,членови на различни културни уметнички друштва, па дури имаме и европска амбасадорка на млади“, појаснува Куртов.

Изложба Рурална жена низ објективот на Лејла Куртов Others

Прашана за тоа како најкусо би ја опишала руралната жена во македонското мултиетничко и мултикултурно општество, авторката Куртов вели:

„Руралната жена е силна и моќна .Таа е столб кој ја негува и чува нашата традиција, жена која и покрај сите предизвици со кои се соочува во животот таа е храбра и непоколеблива.“

Изложбата во чиј фокус е руралната жена отворена е на 10 март, в недела, а Куртов истакнува дека интересот кај локалната, но и пошироката публика бил голем.

„Премногу сум задоволна, посетеноста беше дури и повеќе од она што го очекував, добив многу позитивни критики од луѓе од целата наша држава па дури и пошироко“, вели Куртов.

Изложба Рурална жена низ објективот на Лејла Куртов Others

Говорејќи за тоа како реагираат руралните жени кога ќе се видат на нејзините слики, таа раскажува дека целиот период додека фотографирала, нејзините сограѓанки биле во исчекување и нетрпение.

„Самото тоа што ниту една од нив не знаеше какви се фотографиите придонесе возбудата да биде уште поголема .Сите се многу среќни и задоволни, а јас можам само да кажам дека сум горда на нив“, нагласува Куртов.

Изложба Рурална жена низ објективот на Лејла Куртов Others

Во однос на пораката на изложбата, авторката Лејла Куртов вели дека секој може да извлече порака во зависност од своите убедувања и од зависност од тоа на кој начин ги гледа фотографиите на руралната жена, сепак симплифицира дека предрасудите во животот не носат ништо добро.

„Растена сум во мултиетничко семјество во кое секогаш бев учена дека несмееме луѓето да ги делиме врз верска основа ,национална или според местото каде живеат. Руралната жена е и урбана жена која придонесува на економски ,социјален и културен развој“, смета Куртов. Открива дека изложбата за руралната жена ќе биде одржана наскоро и во нејзиниот роден град Скопје.

TRT Balkan
Популарни