Двете години од пандемијата силно ја погодија и културата во регионот. Photo: TRT Balkan 

Двете години од пандемијата силно ја погодија и културата во регионот. Строгите ограничувања и карантините предизвикаа затворање на културните институции, привремено запирање не само на планираните настани, туку и „замрзнување“ на подготовките за нови настани.

Меѓутоа, со укинувањето на ограничувањата, се вратија и претставите во театрите и другите културни настани. Со нив се врати и публиката. Иако не е на нивото како пред пандемијата, десетици илјади љубители на уметноста беа дел од претставите во Албанија, Косово и Северна Македонија.

Анализата на ТРТ Балкан покажува дека Северна Македонија има подобар просечен број посетители на театрите, во споредба со Косово и Албанија.

Во текот на 2021-2022 година, просечно 152 гледачи ги посетиле културните настани во Северна Македонија. Просекот во Косово е 110 гледачи по настан во 2021 година, додека во истата година просекот во Албанија е 74 гледачи по настан, што е драматичен пад на посетеноста од просечните 117 посетители во 2020 година.

Северна Македонија со најголема посетеност

Скопје, Тирана и Приштина: Каде театарот е најпосетен? Others

Со просек од 152 посетители по настап, Северна Македонија има најголема посетеност на културни настани меѓу 3-те земји од регионот.

Според Државниот завод за статистика, во периодот 2021/2022 година, вкупниот број на претстави во професионалните театри е зголемен за околу 169%, што покажува закрепнување по пандемијата.

Зголемен е и бројот на претстави во театрите за деца и младинци и тоа за 185%. Додека настапите во аматерските театри се зголемени уште повеќе, со вкупно 200%.

Во Албанија претставите зачестуваат, посетите се намалуваат

Според Националниот институт за статистика во Албанија, во текот на 2021 година во културните институции во земјата биле изведени вкупно 512 претстави и премиери. Овие културни настани привлекоа вкупно 38.091 посетители, односно околу 74 посетители по настан во просек.

Најактивни беа Националниот експериментален театар со 159 претстави и Националниот детски културен центар со 146 претстави во текот на 2021 година.

Најдобра посетеност има и Националниот експериментален театар, со околу 101 посетител по претстава во просек.

Околу 400 културни настани во Косово, доминира театарот

Во текот на 2021 година, во Косово беа организирани 393 културни настани, кои привлекоа вкупно 43.570 гледачи, со просечни 110 гледачи по настан.

Според Косовската агенција за статистика, најголемиот дел од овие настани се театарски претстави и премиери, вкупно 239. Концерти, балети и други јавни претстави го сочинуваат остатокот.

Најактивен беше Народниот театар на Косово со 108 претстави и репризи, потоа Детскиот театар „Додона“ имаше 101 претстава и репризи, додека театарот „Ода“ организираше 75 претстави и репризи.

TRT Balkan
Популарни