Судот во Делавер во понеделникот пресуди дека извршниот директор на Тесла, Илон Маск, нема право на финансиски пакет од 56 милијарди долари, иако акционерите на производителот на електрични возила гласаа за него во јуни.
Пресудата на судијката Кетлин Мекормик следи по нејзината одлука во јануари да го нарече пакетот претеран и да го поништи, што ги изненади инвеститорите и фрла сомнеж за иднината на Маск во највредниот производител на автомобили во светот.
Во објавата на X по одлуката на судот, Маск рече дека „акционерите треба да ги контролираат гласовите на компанијата, а не судиите“.
Тесла објави на X: „Пресудата е погрешна и ќе се жалиме“, додавајќи дека судот го надгласал огромното мнозинство акционери.
Маск и Тесла можат да се жалат до Врховниот суд во Делавер веднаш штом МекКормик ја објави пресудата, што би можело да се случи веќе оваа недела.
Разгледувањето на жалбата може да потрае и до една година.
Тесла напиша во судските поднесоци дека судот треба да го признае гласот на акционерите даден во јуни во корист на пакетот плати за Маск, движечката сила на компанијата, кој е одговорен за многу од нејзините аванси, и да го одобри тој надоместок за неговата работа.
Мекормик рече дека одборот на Тесла немал право да го стори тоа за да го врати на маса финансискиот пакет на Маск.
Доколку судот би им дозволил на поразените странки да изнесуваат нови факти заради ревизија на пресудата, парницата би станала бескрајна, напиша таа во образложението од 101 страница.
Според судијката, гласање како она што го спроведе Тесла морало да се спроведе пред судењето и оти компанијата не можела да потврди трансакцијата во која е вклучен надзорникот, а открила дека Маск ги контролира преговорите за плата.
Таа, исто така, рече дека Тесла во судските постапки направила повеќе материјални грешки и не може да тврди дека гласањето било „лек за се“ за да се оправда враќањето на пакетот на Маск за иплати.
Пакетот на Маск вклучуваше опции за акции ако компанијата ги постигне поставените цели.
Пакетот првично беше проценет на 56 милијарди долари, но акциите на Тесла пораснаа за 42 отсто од 5 ноември, кога републиканскиот кандидат Доналд Трамп, поддржан од Маск, победи на претседателските избори во САД.
По тоа зголемување, неговиот пакет би вредел околу 101 милијарда долари.
Ова е втор пат како судијката во случајот го одбива барањето како претерано, тврдејќи дека бордот на Тесла бил непримерно под влијание на Маск кога го прифатил планot за надомест на Илон кој е договорен уште во 2018.
Во прашање е најголемата плата, исплата, компензација што некогаш му е дадена на американски директор.
Првичната вредност на акциите што Тесла требаше да му ги исплати на Илон за добри резултати во работењето беше 2,6 милијарди долари.