Reddit за своите најлолајни корисници издвои 8% од понудените акции на берза / Photo: Reuters

Reddit станува првата социјална мрежа која на своите корисници кои создале најмногу содржини и помогнале сервисот да стекне популарност да добијат удел во сопствеништвото, односно 8% од акциите.

Reddit станa компанија со јавно тргување акции на берза, и токму дел од овие акции ќе им припаднат на најлојалните корисници.

Лансирањето на понудата на акции на Reddit е прво од ваков вид по подолго време, бидејќи одамна не сме виделе јавна понуда на акции на социјална мрежа.

Истовремено Reddit сака да ја активира мрежата на креатори преку јавен форум на кој ќе може да поставуваат прашања до раководството на компанијата пред да бидат објавени финансиските резултати од работењето.

Корисниците исто така имаат интерес да се зголеми популарноста на акциите на Reddit бидејќи така би си ја зголемиле и сопствената вредност во сопствеништвото на компанијата.

Вредноста на акциите на Reddit достигна 49 долари што е подобро од иницираната вредност од 34 долари, но и под поставениот рекод од 75 долари во првата недела од тргувањето со акциите.

TRT Balkan / агенции
Популарни