Преземањето на Твитер ќе се решава на суд     Фото: AA

Кога Илон Маск, извршниот директор на Тесла и најбогатиот човек на светот, даде понуда да го купи Твитер во април, тој беше свесен дека тоа ќе биде тежок пат, но се надеваше дека нема да биде „премногу непроодлив“.

„Ризикот врз нашата цивилизација ќе се намалува колку повеќе што ќе можеме да ја зголемиме довербата во Твитер како јавна платформа, па затоа сметам дека ова може да биде многу тешко. Не сум сигурен дека навистина можам тоа да го постигнам“, посочи Маск.

Три месеци подоцна, тој не само што нагло се предомисли за преземање на Твитер, туку и се најде во што што може да се покаже како долга правна битка со гигантот на социјалните мрежи.

Еве како работите се комплицираа.

Јануари

Првиот чекор на претприемачот за купување на Твитер всушност беше направен многу пред јавно да ја објави намерата. Маск откупуваше акции на Твитер без тоа да го пријави на крајот на јануари.

Март

Во тоа време Маск неофицијално првпат изјави дека правилата во овој случај не важат за него. Секој инвеститор кој ќе купи 5 отсто акции од некоја компанија е должен да го открие тоа на јавноста во рок од 10 дена, според регулативата чија цел е да ги заштити останатите инвеститори од ненадејни разлики во цените на нивните акции.

Маск сепак чекаше 21 ден откако неговите акции достигнаа 5 отсто. Потоа неговите акции речиси достигнаа и 10 проценти пред да направи јавна објава. Се проценува дека на тој начин заштедил милиони долари бидејќи успеаа да ја задржи ниската цена на акциите.

Тој продолжи и со јавни изјави на неговиот личен Твитер профил во врска со социјалната мрежа. Правејќи јавни анкети, ги прашуваше корисниците на платформата дали мислат дека Твитер ригорозно се придржува до принципот на слобода на говорот и дали алгоритмот на приказ на објавите треба да има отворен код за јавноста да има увид.

Април

Твитер најави дека Маск ќе се приклучи на управниот одбор под услов да не поседува повеќе од 14,9% од акциите до крајот на 2024 година. Маск тогаш ненадејно се предомисли за да се приклучи во раководството на компанијата на 10 април. Тоа му овозможи да се стекне со повеќе акции и продолжи да „твита“ што ќе посака.

Четири дена подоцна, шефот на Тесла предложи да ги откупи преостанатите акции на Твитер, кои тој не ги поседува, за цена од 54,20 американски долари по акции. Понудата вредеше повеќе од 43 милијарди долари.

Потоа следеше „отровната стрела“, потег кој Твитер го презеде следниот ден за да го спречи обидот за присилното преземање на Маск. Планот беше да им се дозволи на постоечките акционери да купуваат акции по намалени цени со цел да се намали количината на слободни акции за влез на нови инвеститори.

На 21 април Маск собра 46.5 милијарди за финансирање на зделката велејќи дека има простор за преговори. Твитер конечно ја прифати понудата што придонесе милијардерот да продаде удел на акции од Тесла вреден 8.5 милијарди долари.

Мај

Благодарение на неговите пријатели милијардери, Маск успеа да собере дополнителни 7 милијарди долари за финансирање на понудата. Шефот на Тесла посочи дека целта му е да го зголеми годишниот приход на Твитер на 26,4 милијарди од 5 милијарди до 2028 година.

Тој велеше дека прашањето за купување на Твитер никогаш не е во парите, но сигурно одиграло улога за него штом почна да дава храбри и детални планови за компанијата која многумина ја сметаат за контроверзна.

Набргу откако се договори со нив, најави дека ќе го одблокира Твитер профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ја одлуката за негова забрана „целосно глупава“.

Потоа дојде уште еден пресврт. Маск овој пат твитна дека договорот е ќе биде во мирување додека спам и лажните профили на Твитер не достигнат помалку од 5 отсто од корисниците, и изјави дека сè уште е посветен на аквизицијата.

Твитовите на Маск продолжија, а еден особено беше проблематичен, тврдејќи дека примерот на платформата за автоматска проверка на корисници е само 100. Адвокатскиот тим на Твитер тогаш посочи дека е крајно незадоволен поради откривање на тајни одредби од договорот, но и Маск не беше многу задоволен од јавните опомени на компанијата.

Јули

Караницата во овој момент се претвори во битка кога адвокатот на Маск тврдеше дека тој има право да се повлече од договорот бидејќи компанијата не ги дала информациите што тој ги побарал за спам и лажните профили.

Твитер возврати. „Управниот одбор на Твитер е посветен на затворање на трансакцијата за цената и условите договорени со г-дин Маск и планира да продолжи со правни дејствија за да го спроведе договорот за преземање“, твитна Брет Тејлор претседател на Управниот одбор на Твитер.

Компанијата, лута што Маск мисли дека може „да ја уништи компанијата, да го наруши работењето, да ја уништи вредноста на акционерите и да си замине“, поднесува тужба до Канцеларискиот суд во Делавер, за да го принуди да го заврши договорот.

Твитер поднесе тужба до судот за стопански спорови во Делавер, сметајќи дека Маск сака да ја уништи компанијата, да го наруши нејзиното работење, да ја уништи вредноста на акционерите и да го напушти договорот.

Адвокатите на Маск поднесоа жалба со која се противеа на судење во Делавер, велејќи дека барањето на Твитер за да се забрза договорот за преземање вреден 44 милијарди долари за само два месеца е неоправдано, и побара да се одложи судењето до почетокот на следната година поради сложеноста на случајот.

Твитер вели дека „тоа е обид за саботажа… да се уништи Твитер“, изјави адвокатот Вилијам Савит, кој го застапува Твитер.

Не е сигурно дали Твитер би можел да го принуди Маск да ја купи компанијата, но извршниот директор на Тесла веќе ја загуби борбата за одложување на тужбата поднесена од социјалната мрежа. Судијата од Делавер рече дека „со одложувањето и се заканува непоправлива штета на компанијата“ и закажа судење во октомври.

TRT World
Популарни