Милијардерот Илон Маск планира да изгради сопствен град над Остин, во американската држава Тексас, објави „Вол Стрит Журнал“ (Wall Street Journal). Весникот објави дека планираниот град во округот Бастроп ќе биде изграден на земјиштето во близина на објектите на Боринг и на Спејс Икс кои се во изградба.
Повикувајќи се на лица запознаени со проектот, „Вол Стрит Журнал“ наведува дека тоа ќе му овозможи на сопственикот на Твитер да воспостави прописи во сопствената општина и да ги забрза своите планови.
Изворите наведоа дека Маск сака вработените во неговите компании, Боринг, Тесла и Спејс Икс да можат да живеат во нови домови со кирија пониска од пазарната.
„Според законот на Тексас, на градот му е потребен најмалку 201 жител пред поднесување барање за инкорпорација, а потоа и одобрување на окружниот судија“, се наведува во извештајот.
Од округот Бастроп наведоа дека не го примиле барањето на Маск.