Централните банки во Соединетите Американски Држави (САД), на Канада, Велика Британија, Јапонија, Швајцарија и другите европски земји одлучија да ја зголемат зачестеноста на операциите на линијата за валутен договор за размена, односно валутен свап во американски долари.
Во заедничкото соопштение на амерканскиот Фед и петте големи Централни банки објавено е дека е преземен координиран чекор за зголемување на ликвидноста преку постоечките арамнжмани за валутниот свап во американските долари.
Централните банки, кои моментално нудат транскрипции во долари, се договорија да се промени зачестеноста на фјучерсите од неделна на дневна, за да се зголеми ефективноста на линијата за валутен договор за размена.
Во соопштението се наведува дека секојдневната работа ќе почне денес и дека ќе трае најмалку до крајот до април.
Истакнато е дека линијата за валутен договор за размена помеѓу Централните банки се доделува како важен ослонец на ликвидноста за ублажување на притисоците на глобалните пазари на финансирање, со што значително помага да се ублажат ефектите од притисоците на кредитирањето на населението и економијата.
Чекор кој големите централни банки го презезедоа да ја зголемат ликвидноста следуваше откако најголемата швајцарска банка УБС објави дека ќе ја купи банката Кредит Свис (Credit Suisse), погодена од кризата.
Овој чекор некои аналитичари го протолкуваа како продлабочување на загриженоста за најновите случувања во финансискиот систем во САД и Европа.
Линија за валутниот договор за раземна (eng. swap line) е договор меѓу Централните банки за меѓусебна размена на валутите на нивните земји. На овој начин, залихите на валути се чуваат достапни за тргување со друга централна банка по тековниот курс.