Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, продаде дополнителни 3,95 милијарди долари од акциите на компанијата, откако го купи Твитер за 44 милијарди долари.
Според соопштението на американската Комисија за хартии од вредност (SEC), Маск продал 19,5 милиони акции на компанијата.
Маск исто така продаде акции на Тесла вредни околу 8,5 милијарди долари во април и 6,9 милијарди долари во август оваа година.
Околу 19,4 милијарди долари од акциите на Тесла се продадени од април, кога Маск се договори со бордот на директори на компанијата да го купи Твитер.
TRT Balkan / агенции