Цената на криптовалутата биткоин доцна во средата за прв пат во историјата надмина 100.000 долари, а вредноста на оваа криптовалута е зголемена за повеќе од 30 отсто од претседателските избори во САД одржани на 5 ноември.
Биткоинот ја достигна највисоката цена досега неколку часа откако Трамп рече дека ќе го номинира поранешниот комесар на Комисијата за хартии од вредност (СЕЦ) Пол Аткинс, кој е поборник за криптовалути, за шеф на СЕЦ.
Вредноста на најголемата криптовалута во светот се движеше околу 68.000 долари во пресрет на изборите до рекордни 75.000 долари ден по изборите.
Победата на Доналд Трамп над потпретседателката Камала Харис го зголеми расположението на инвеститорите и го испрати Биткоинот на нови рекордни височини.
TRT Balkan / агенции