Американците потрошиле рекордни 5,6 милијарди долари за онлајн купување и на Денот на благодарноста / Photo: AA

Граѓаните во САД потрошиле рекордни 9,8 милијарди долари онлајн на „црниот петок“, што е за 7,5% повеќе од претходната година, објавија локалните медиуми.

„Видовме дека во текот на изминатата година се појавија многу стратешки потрошувачи, кои навистина се обидуваат да ги искористат предностите од ваквите денови за да можат максимално да ги искористат попустите“, рече Вивек Пандја, водечки аналитичар во Адобе Дигитал Инајтс.

Според извештајот, најпродаваните категории за време на црниот петок биле паметни часовници, телевизори, играчки и видео-игри.

Претходно, Aдобе Aналитикс, која ги покрива повеќето сајтови за онлајн малопродажба во САД, објави дека Американците потрошиле 5,6 милијарди долари за онлајн купување на Денот на благодарноста, што е за 5,5% повеќе од минатата година.

Секторот за малопродажба во САД доживува клучен период кој започнува со Денот на благодарноста, кој се слави четвртиот четврток од ноември секоја година, проследен со широко распространето лудило за купување со намалени цени на црниот пето, последниот петок во месецот.

Оваа празнична шопинг сезона продолжува со Смол Бизнис Сатрдеј, дизајниран да ја зголеми продажбата за малите бизниси, и Сајбер Мандеј, понеделник по викендот на Денот на благодарноста и вториот најголем ден за купување и најголем ден за онлајн продажба.

Важно за малопродажниот сектор, сезоната на шопинг се протега до Божиќ и кулминира со големото финале на новогодишната ноќ.

AA
Популарни