103.000 нови работни места беа отворени од јуни 2022 до јуни 2023 година / Photo: AA

По забавувањето во 2023 година, се очекува умерено забрзување на економскиот раст на Западен Балкан до три проценти во 2024 година во услови на натамошно закрепнување на Европската унија, главниот трговски партнер на овој регион, додека пониската инфлација треба да придонесе за растот на расположливиот доход и поддршка на потрошувачката, стои во последниот извештај на Светска банка.

Темпото на раст што ќе го забележи регионот во 2024 година ќе биде побрзо отколку во 2023 година, но стапката на раст може да биде за 0,1 отсто помала од прогнозата на Светска банка во претходното, априлско издание на извештајот.

Проекцијата за раст за 2025 година остана непроменета на 3,5 отсто. Сепак, постојат разлики меѓу земјите во брзината на закрепнување и враќање на нивоата постигнати пред пандемијата.

Растот во Црна Гора и Албанија во 2023 година беше посилен од очекуваното, што, меѓу другото, придонесе и успешната туристичка сезона, а во 2024 година може делумно да забави.

Според проекциите, растот ќе се забрза во 2024 година во Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и во Косово, под влијание на зголемената потрошувачка и инвестиции.

„И покрај повеќекратните шокови, земјите од Западен Балкан успеаја да забележат раст, да создадат нови работни места и да го намалат нивото на сиромаштија, што укажува на силните економски основи на регионот“, рече Ксијаокинг Ју, директор на Светска банка за Западен Балкан.

Таа додаде дека е охрабрувачки фактот што Западен Балкан продолжува да бележи напредок во фаќањето чекор со поразвиените економии од Западна Европа.

И покрај очекувањата, пазарот на труд во Западен Балкан продолжи да зајакнува во 2023 година.

Просечната стапка на вработеност во овој регион достигна ново историски највисоко ниво од скоро 48 проценти, а 103.000 нови работни места беа отворени помеѓу средината на 2022 и средината на 2023 година.

Напредокот беше најсилен во Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Во исто време, недостигот на работна сила сè уште е меѓу најзначајните проблеми наведени од бизнисмените од Западен Балкан.

И покрај неодамнешните придобивки регистрирани во годините по пандемијата, учеството на работната сила е сè уште ниско, што, заедно со длабокиот родовиот јаз, го отежнува натамошното намалување на сиромаштијата.

Овој регион не само што мора да ги отстрани пречките за поголемо учество на работната сила, туку и да ја забрза економската конвергенција со понапредните економии во Европа, се вели во извештајот.

Покрај овие напори, потребна е побрза зелена транзиција и поголем обем на инвестиции во зголемување на отпорноста на природни катастрофи, меѓу другото во земјоделството.

„Земјоделството е еден од секторите кои се најзначајно погодени од сушите, скратувањето на годишните времиња и непредвидливоста на временските шеми. на климатските промени и да може одржливо да произведува поквалитетна храна за домашни потреби, но и за извоз, вклучително и во ЕУ“, рече Наташа Рово, виш економист во Светска банка и еден од авторите на извештајот.

Таа додаде дека ова бара подобрување на јавните политики и инвестиции со цел да се поттикне што пошироко усвојување климатски паметни технологии и практики меѓу земјоделците, со поддршка на посилни јавни институции кои се од суштинско значење за одржливиот раст на земјоделството.

Иако земјоделскиот сектор во регионот се намалува, тој сепак е многу релевантен: на пример, во овие шест земји, земјоделството вработува меѓу седум и 35 отсто од населението.

Затоа, позеленувањето на земјоделството нуди можност за зголемување на продуктивноста, конкурентноста и издржливоста на овој сектор, преку поефикасно користење на расположливите јавни средства, знаење и иновации, се наведува во извештајот.

AA
Популарни