Вештачката интелегенција во 2025 година останува во тренд, а технолошката револуција ќе згасне некои стари, но и ќе создаде нови работни места, проценуваат експерите на пазарот на трудот.
Експерт за вештачка интелегенција е на врвов на листата на најбараните занимања во 2025 година, според податоците од „Линкд-ин“ (LinkedIn), социјална платформа наменета за поврзување на работодавачите и оние кои бараат работа. Експанзијата на вештачката интелигенција занимањето експерт за вештачка интелигенција го лансираше како најбарано и најпрофитабилно во Европската Унија во 2025 година.
Просечната плата за работниците со такви вештини во земјите на ЕУ се движи од 60 па до 110 илјади евра годишно. Побарувачката е огромна, а се проценува дека во наредните пет години ќе се зголеми за 37 проценти.
Врз основа на најновите истражувања на експерти, вклучувајќи го и „Линкдин“, направена е листа на занимања кои ќе бидат најбарани во наредната година. Доминираат технолошките, а традиционално, на списокот остануваат и занимањата од здравствениот сектор.
По експертите за вештачка интелигенција многу барани и извонредно добро платени во ЕУ наредната година ќе бидат и развивачите на софтвер. За нив платата се движи од 55.000 до 90.000 евра годишно. Особено се бараат експерти за „клауд компјутинг“, чија експертиза е клучна за приспособливоста на современите ИТ-системи. Со исто темпо расте и побарувачката за развивачи на мобилни апликации, со оглед на сè поголемата употреба на паметни телефони.