Во моментов се соочуваме со тешка енергетска криза, која се повеќе се претвора во економска криза“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек.
„Цврсто сум уверен дека Путин ќе пропадне во својот обид да го дестабилизира основниот економски поредок, на ист начин на кој ќе пропадне на боеното поле во Украина. Оваа година ќе имаме пад на економскиот раст во однос на проекциијата во април. Оваа есен предвидуваме раст од 1,4 %. Во април оваа година таа бројка изнесуваше 2,2%. Следната година растот ќе изнесува минус 0,4%, со други зборови, негативен раст, рецесија.“
На крајот на септември, Германија објави план од 200 милијарди за субвенционирање на цените на енергијата за домаќинствата и компаниите до 2024 година. Целта на мерката е намалена инфлација во 2023 година.
Пред објавувањето на овој план, главните економски институти во Германија најавија дека очекуваат инфлацијата дополнително да се зголеми, на 8,8 отсто за 2023 година.
„Инфлацијата оваа година ќе изнесува 8%, а следната година 7%“, рече Хабек.
Падот, а потоа и прекинот на испораката на руски гас за Германија на почетокот на септември, ја оптоварува првата економија во еврозоната. Германија, која пред војната добиваше 55% од залихите на гас од Русија, мораше да набавува гас од друго место, по многу повисоки цени.
Овие тензии доведоа до експлозија на цените на гасот и електричната енергија во Европа, што ја зголеми инфлацијата и трошоците за производство во индустријата која е двигател на германскиот раст.
Ова резултираше со слабеење на индустриското производство. Енергетски интензивнте индустрии и производството на хемикалии, металургијата, производството на хартија и стакло се најтешко погодени. Во овие сектори, производството падна за речиси 9% од февруари.
Берлин, сепак, сака да биде позитивен во однос на замена на залихите од Москва.
„Ние сме на добар пат да го решиме проблемот со рускиот увоз“, изјави Хабек.
Откако ги диверзифицираше своите добавувачи и се сврте кон Норвешка, Холандија или САД, Германија ги пополнува своите резерви на гас побрзо од очекуваното, достигнувајќи 94,67%, што е блиску до целта од 95% поставена за почетокот на ноември.