Историско зголемување на каматните стапки на Европската централна банка

Историско зголемување на каматните стапки на Европската централна банка

EЦБ соопшти дека банката одлучила да ја зголеми основната стапка за 75 базични поени.
Историско зголемување на каматните стапки на Европската централна банка     Фото: АА

Европската централна банка (ЕЦБ) се бори со историско зголемување на каматите во три клучни подрачја, наспроти рекордната инфлација во еврозоната.

Во соопштението на ЕЦБ се наведува дека банката за 75 базични поени ги зголемила каматните стапки во три клучни подрачја.

Банката информира дека каматата стапка на рефинансирање е зголемена на 1,25 %, каматата стапка на депозити на 0,75 % и маргиналната стапка на финансирање на 1,50 %.

На тој начин банката го направи највисокото зголемување на каматната стапка од воведувањето на европската заедничка валута во 1999 година.

Вниманието го привлекува фактот дека ЕЦБ, и покрај очекувањата за рецесија во економијата, ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од 2011 година.

Иако очекувањата на економистите за зголемувањето на каматните стапки на банката беа за 50 или 75 базични поени, пазарите на пари главно посочуваа на зголемување на каматите за 75 базични поени.

Со одлуката за зголемување на каматните стапки ЕЦБ реагира на натамошното зголемување на инфлацијата, која во август во еврозоната се зголеми на 9,1 отсто, посочувајќи на понатамошно зголемување на каматните стапки.

„Врз основа на актуелната проценка, Управниот совет очекува дополнително да ги зголеми каматните стапки на следните неколку состаноци, со цел да ја намали побарувачката и да се заштити од ризикот од постојан раст на инфлациските очекувања“, се наведува во соопштението на ЕЦБ.

Посочувајќи на високите цени на енергијата, во текстот на резолуцијата на ЕЦБ се наведува: „Притисокот на цените продолжи да се засилува и да се шири во економијата, а инфлацијата во блиска иднина може дополнително да се зголеми.“

Под притисок од високата инфлација, ЕЦБ очекува инфлацијата да достигне 8,1 отсто на крајот од оваа година, 5,5 отсто на крајот од следната и 2,3 отсто во 2024 година.

Очекувањата за раст од страна на ЕЦБ за оваа година изнесуваат 3,1 отсто; 0,9 отсто во 2023 година и 1,9 отсто во 2024 година.

AA
Популарни