Годишната инфлација во еврозоната достига нов рекорд од 8,9 проценти во јули, од 8,6 проценти во јуни, според денешните официјални податоци.
Во 2021 година инфлацијата се движеше со стапка до 2,5 проценти на годишно ниво.
Најголем придонес во растот на инфлација во еврозоната за 2022 година имаат поскапувањата на енергенсите, потоа храната, тутунот и неенергетските индустриски добра.
Годишната инфлација е намалена во шест земји членки на ЕУ, како стабилна е оценета во три земји, а во сите останати или вкупно 18 членки е зголемена во споредба со истиот период лани.
Најниските годишни стапки се забележани во Франција, Малта (и двете со по 6,8 проценти), Финска (8,0 проценти), додека највисоките годишни стапки се забележани во Естонија (23,2 проценти), Латвија (21,3 проценти) и Литванија (20,9 проценти).
Во меѓувреме, годишната инфлација на ЕУ во јули беше 9,8 проценти, од 9,6 проценти во јуни.