Компанијата за социјални мрежи „Снеп“ (Snap), креатор на Снепчет, објави дека одлучила да го намали бројот на вработените за 20 отсто за да ги намали трошоците.
Извршниот директор на „Снеп“ Еван Шпигел, во пораката до вработените на компанијата, нагласи дека трошоците на компанијата треба да се намалат за да се избегнат губитоци поради нискиот раст на приходите.
„Иако изградивме значајни резерви на капитал и напорно работевме да избегнеме намалување на нашиот тим, мораме сепак да се соочиме со последиците од понизок раст на приходите и да се прилагодиме на пазарното опкружување“, рече Шпигел.
Тој нагласи дека во наредниот период ќе продолжи со напорите повторно да го забрзаат растот на приходите. Шпигел рече дека донеле тешка одлука за намалување на бројот на вработените за 20 отсто.