Мицкоски: Инвестицијата во ветерен парк е најголема во регионот /     Фото: Прес служба на Владата

Во присуство на владини претставници, дипломатскиот кор и многу други гости во Скопје се одржа промоција на инвестицијата во ветерен парк, којашто, како што е соопштено, е најголемата инвестицијата досега во делот на обновливи извори на енергија во регионот.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски во своето обраќање на настанот со кој беше означен почетокот на реализација на најголемата инвестицијата досега во делот на обновливи извори на енергија во регионот, а чиј инвеститор е Алказар Енерџи.

„500 милиони американски долари во инвестиција на парк на ветерници што ќе биде сместен помеѓу три општини, Карбинци, Радовиш и Штип.Планирано е инсталирање на 55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови, што е приближно 20тина проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека оваа инвестиција ќе отвори нови 630 вработувања.

Мицоски рече дека со завршување на овој проект дури 100.000 македонски домаќинства ќе можат да се снабдуваат со електрична енергија од овие ветерници. Морам да напоменам дека овој проект е значаен од многу аспекти.

„Со него ќе се зајакне значително енергетската независност, нешто што е наша цел, но исто така, ќе го зголеми обемот на инвестиции и ќе отвори пат за нови инвестиции. Ваков тип на инвестиции покажуваат дека довербата во оваа Влада уште на самиот почеток е голема и дека како опозиција работевме и сега како Влада само ќе продолжиме со зајакнато темпо да работиме“, рече Мицкоски.

Нагласи дека ставот на Владата е јасен, дека мора да ја направат земјата енергетски независна.

„Кога зборувам енергетска независност, мислам енергетски независни од електрична енергија, бидејќи нормално е дека електричната енергија не е единствениот енергенс. Тука зборуваме за нафта, за гас итн. Кога зборуваме за енергетски независни, зборуваме за енергетски независни во делот на електричната енергија. И тоа може да се реализира само со детален план за енергетиката каде верувам и знам дека ќе имаме голем напредок.Планот го имаме, луѓето ги имаме, останува само да ја завршиме домашната задача што сами ја поставивме“, појасни Мицкоски.

Какко што рече, целта е „од земја увозник да станеме и земја извозник на електрична енергија.“

„Реонот каде треба да се гради паркот на ветерници се наоѓа помеѓу три општини, Карбинци, Радовиш и Штип каде потенцијалот за ваков тип инвестиција е голем. Овој тип на инвестиција не само што ќе додаден вредност врз македонскиот БДП, туку и значително ќе го подобри перформансот на локалната економија и економијата на целата држава.“

Со оглед на обемноста на самиот проект, се очекува изградбата да започне во втората половина од 2025 година, како што најави инвеститорот.

Ссе предвидува производство на приближно еден терават час електрична енергија.

TRT Balkan
Популарни