Скопје се најде на врвот на листата на десетте европски градови со средна големина според ефективноста, односно рентабилност за инвестирање на рангирањето кое го прави економското списание „ФДИ интелеџенс“, дел од меѓународниот весник за економија, „Фајненшл Тајмс“.     / Photo: AA

Скопје се најде на врвот на листата на десетте европски градови со средна големина според ефективноста, односно рентабилност за инвестирање на рангирањето кое го прави економското списание „ФДИ интелеџенс“, дел од меѓународниот весник за економија, „Фајненшл Тајмс“, соопшти македонската Дирекција за технолошко-развојни зони.

„Ова е скок од четврто место на кое беше главниот македонски град на минатогодишното рангирање. Годинава и регионот на Скопје исто така се најде меѓу првите десет мали европски региони кои го носат епитетот „градови и региони на иднината“ во однос на бизнис клима и инвестирање. Од главните градови во соседството, Софија е рангирана на 2 место во категоријата на рентабилност, а Белград е рангиран на 8 односно 9 место во категориите рентабилност и деловна клима“, се вели во соопштението.

На рангирањето што ова списание го прави секоја година се рангираат градови и региони од Европа според привлечноста, поволната бизнис клима, како и можностите за странски инвеститори.

Рангирањето се прави според учиникот и перформансите во следните пет поткатегории: економски потенцијал, човечки капитал и начин на живот, поврзаност, поволна бизнис средина и економичност. Годинава тимот експерти на фДИ и „Фајненшал Тајмс“ го направи изборот меѓу 330 градови и 41 региони.

„Најголем дел од странските инвеститори се во технолошко индустриските зони во Скопје. ТИРЗ со новиот пристап за привлекување на инвестиции кој го спроведува во последниве три години резултираше во постигнати инвестиции од над 1 милијарда евра, што е еднакво на вкупниот обем на инвестиции од 2006 до 2019 година. Во 2023 се потпиша и договорот за најголемата странска гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата, тајванскиот гигант „Јагео“ со договор вреден 205 милиони евра“, се наведува во соопштението.

Од Дирекцијата на технолошко-развојните зони истакнуваат дека ефектот од странските инвестиции носи и директни придобивки за граѓаните.

TRT Balkan
Популарни