Опасност од инфлација: Да се штеди или да се инвестира?     Фото: АА

Пандемијата од коронавирусот (Ковид-19) и инвазијата на Русија врз Украина резултираа со економски последици на глобално ниво. Инфлацијата стана нешто со што се соочува целиот свет. Парите ja губат вредностa, a на пазарот постојано постои недостиг на одредени производи. Сето тоа создава главоболка за граѓаните кои се прашуваат-како да се сочува вредноста на она што го имаме и каде безбедно да се вложат средствата во надеж дека нешто може и ќе се заработи?

Во продолжение следуваат неколку совети околу пристапот на личните финансии во поглед на нивна заштеда и инвестирање, особено во време на инфлација.

Инвестирањето носи ризици, но и можност за заработка, односно оплодување на капиталот. Затоа, пред носење на одлука за инвестирање, важно е да се согледа што е она што може да го донесе посакуваниот резултат.

Економските аналитичари имаат различни мислења за прашањето во што да се инвестира, но препораките се граѓаните да инвестираат во она во што веруваат и во она во што се разбираат, за да можат најдобро и благовремено да бидат упатени во процесите.

Главниот совет е да се намали ризикот преку инвестирање на повеќе места-дел во банка, дел во недвижнини, дел во злато, како и да се инвестира во некој бизнис.

Криптовалути?

Пазарот на криптовалути забележа значителен скок. Популарноста на дигиталните пари делумно дојде како последица на пандемијата од коронавирусот, бидејќи големите инвеститори бараа алтернатива за златото, а слично размислуваат и малите трговци. Ефектот беше видлив па криптовалутите забележаа рекордно високи вредности.

Имаше моменти кога биткоинот, како една од најпознатите криптовалути, губеше од вредноста, намалувајќи ја можноста за заработка на инвеститорите. Слични движења имаше и со останати криптовалути како етереум, исто така позната криптовалута во земјите од регионот.

Експертите предупредуваат на опасност од брз скок и пад на нивната вредност, што може да донесе значајни финансиски проблеми. Поради големата популарност на биткоинот, на овие секојдневни осцилации и нивните последици предупредуваа и финансиските институции, меѓу кои и народните банки на државите, но и Европската централна банка.

Инвестиции на берза

Велат дека секоја криза носи и можности. Затоа и во ова време инвестирањето на берза може да донесе добивка. Многумина успеале да профитираат во изминатиот период купувајќи акции на најперспективните, иновативни компании. Секако, постојат и многу од оние што инвестирале и загубиле. Ова е уште еден од начините на инвестирање каде треба да се биде подготвен на ризик.

Осигурување

Интересот за полисите за животно осигурување во последните години расте, не само во светот, туку и во регионот. Експертите оценуваат дека зголемениот интерес делумно е и последица од пандемијата од коронавирусот. На сите им советуваат животно осигурување, но поради планирање на семејните финансии, а не само поради моменталната здравствена криза.

Во полисата на животното осигурување можно е да се вклучат бројни други ризици, дури и оние од сите зачестени болести и хирушки интервенции, а осигурувачите се повеќе се бават со превентива, поради што осигурениците имаат и годишни систематски прегледи. Затоа и цената на месечната премија се разликува.

Следете ги попустите

Доколку сакате да заштедите, добар совет е да ги следите попустите. Ако сте се одлучиле непланираната заштеда во текот на пандемијата да ја искористите за купување нова техника или мебел, обидете се најпрвин да се информирате кај продавачите и следете ги редовно попустите и акциите, кои ги има се повеќе и повеќе. Овој вид привлекување купувачи е популарен, па така трговците користат секаква можност да понудат поповолни услови - за новогодишни и божиќни празници, за викенд и слично…

На овој начин во текот на купувањето на поскапите уреди, како фрижидер, шпорет, тв уред или компјутер, можете да заштедите значително.

Штедење

Во време на неизвесност и турбуленции на глобално ниво, расте и штедењето кај граѓаните. Но и тука е потребно да се внимава токму поради инфлацијата. Поради инфлацијата, штедењето во евра не е толку исплативо доколку се земат в предвид ниските камати, но и оданочувањето на средствата.

Сменете го тарифниот пакет

Слична е и ситуацијата и со мобилните оператери кои редовно околу новогодишните празници имаат додатни понуди со кои се обидуваат да ги задржат постоечките и да привлечат нови корисници. Доколку малку подобро ги проучите, многу веројатно е да пронајдете поевтини или поинаку осмислени тарифни пакети кои ќе бидат посоодветни за вашиот домашен буџет. Истото важи и доколку планирате да купите нов мобилен телефон, за себе или за членовите за семејството.

TRT Balkan
Популарни