Европскиот парламент во вторникот го поддржа продолжувањето на привремените мерки за либерализација на трговијата за Украина, истовремено заштитувајќи ги земјоделците од ЕУ, објави Европскиот парламент.
„ЗА гласаа 428 европратеници, ПРОТИВ 131 и 44 беа воздржани за продолжување на суспензијата на увозните тарифи и квоти за украинските земјоделски производи за уште една година, до 5 јуни 2025 година, за поддршка на земјата во услови на брутална агресивна војна на Русија која продолжува“, се вели во соопштението на ЕП,
Според новата регулатива, Комисијата може да преземе брза акција и да наметне какви било мерки што смета дека се неопходни доколку има значително нарушување на пазарот на ЕУ или на пазарите на една или повеќе земји-членки на ЕУ поради украинскиот увоз на на пр. пченица.
Како дел од засилените заштитни мерки за заштита на земјоделците во ЕУ, Комисијата може да иницира итна кочница за особено чувствителните земјоделски производи- живината, јајцата, шеќерот, овесот, житарките, пченката и медот.
Доколку увозот на овие производи го надмине просечниот обем на увоз забележан во втората половина на 2021 година и цела 2022 и 2023 година, царинските давачки може повторно да се воведат.
Како дел од договорот за овие нови правила, Комисијата се обврза наскоро да започне разговори со Украина за трајна либерализација на трговијата и дека Парламентот ќе биде тесно вклучен во процесот, објави Европскиот парламент.
Советот на ЕУ сега ќе треба официјално да ја одобри регулативата. Сегашните трговски мерки истекуваат на 5 јуни 2024 година, а новата регулатива треба да стапи во сила веднаш по тој датум Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, кој ги вклучува и длабоката и сеопфатната Зона на слободна трговија, гарантира дека украинските компании имаат повластен пристап до пазарот на ЕУ од 2016 година.
Откако Русија ја започна својата агресивна војна, ЕУ воведе автономни трговски мерки во јуни 2022 година, кои овозможуваат бесцарински пристап за сите украински производи во ЕУ.
Овие мерки беа продолжени за една година во 2023 година, а во јануари Европската комисија предложи продолжување на суспензијата за уште една година со дополнителни заштитни мерки за заштита на пазарот на ЕУ. Во текот на преговорите, Советот и Парламентот додадоа повеќе мерки за заштита на земјоделците во ЕУ.
За Молдавија, парламентот неодамна одлучи да ги продолжи сличните мерки за уште една година.