Извозот во јуни се зголеми на 331,3 милијарди американски долари     Фото: Ројтерс

Кина во јуни оваа година забележа рекорден надворешнотрговски суфицит, бидејќи растот на извозот се забрза по олеснувањето на антивирусните контроли кои привремено го затворија Шангај и ја нарушија трговијата.

Трговскиот суфицит на Кина достигна рекордни 97,9 милијарди американски долари во јуни, покажуваат статистичките податоци.

Извозот во јуни се зголеми на 331,3 милијарди американски долари, што е за 17,9 отсто повеќе во однос на мај. Увозот се зголеми за само еден процент на 233,3 милијарди долари поради слабата домашна побарувачка.

Без речиси каков било раст на увозот, глобалниот трговски суфицит на Кина се зголеми за 90 отсто во споредба со минатата година.

Трговскиот суфицит на Кина достигна 676,43 милијарди долари во 2021 година, што е највисоко ниво од 1950 година кога започна да се води таа евиденција.

AA
Популарни