Долар и евро     Фото: АА

За првпат по 20 години курсот на еврото и американскиот долар е речиси изедначен. Едно евро има вредност од 1,0053 долари, што е најниско ниво од 6 декември 2002 година.

Главни причини за падот на вредноста на еврото од околу 12 отсто се војната во Украина и енергетската криза поради намаленото снабдување од страна на Русија како и зголемувањето на нивото на американските федерални резерви. Доларот се смета за посигурна валута во вакви околности.

Војната во Украина и натаму претставува ризик за еврозоната, додека една од најголемите европски економии, Германија, се соочува со траен прекин во снабдувањето со рускиот природен гас.

Индексот на доларот се користи за мерење на вредноста на американскиот долар во однос на британската фунта, еврото, швајцарскиот франк, јапонскиот јен, канадскиот долар и шведската круна. Тој порасна за 1,1 % односно има највисока вредност во последните 20 години од 108,46 поени.

TRT Balkan / агенции
Популарни