Најниска вредност на еврото во однос на американскиот долар од 2002 година     Фото: 

Еврото падна на најниска вредност во однос на американскиот долар од 2002 година, а се очекува дека јазот меѓу монетарната политика помеѓу Европската централна банка (ECB) и американските Федеративни резерви (FED) ќе се зголеми поради растот на цените на гасот.

Курсот на еврото во однос на американскиот долар падна под 1,03 прв пат од декември 2002 година. Годишната инфлација во еврозоната во јуни достигна ново рекордно ниво од 8,6 отсто поради високите цени на енергијата.

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, рече дека банката има намера да ги подигне каматните стапки за 25 базни бодови во јули, додека пазарот верува дека побрзото зголемување на каматите нема да биде доволно за справување со инфлацијата.

Во јуни американските Федерални резерви ја зголемија референтната каматна стапка за 75 базни бодови, што е најголемо зголемување на стапката во 28 години.

AA
Популарни