Што се банкомати за криптовалути и каде ги има во регионот?      Фото: Reuters

Пред повеќе од 10 години со криптовалута во Соединетите Американски Држави (САД) можеше да се купи пица, денес вредноста на криптовалутите порасна до ниво да можете да купите стан со само еден биткоин. Порастот на вредноста вртоглаво го зголеми и интересот за криптовалутите во глобални рамки.

Како што расте цената и популарноста на криптовалутите, така расте и потребата за инфраструктурата потребна за реализирање на овие трансакции, поради што се јавуваат и бројни технички прашања. Во меѓувреме, порасна и бројот на банкоматите за криптовалутите.

Што е крипто банкомат?

Крипто банкомат е физички уред кој им овозможува на луѓето да купуваат криптовалути со готовина и со својата дебитна или кредитна картичка. Некои се двонасочни и исто така овозможуваат продажба на дигитални валути за готовина.

ТРТ Балкан истражуваше каде во регионот постојат банкомати за криптовалути и колку овие валути се интересни за граѓаните.

Некои од медиумските извештаи велат дека во светот постојат речиси 29.000 банкомати за криптовалути и дека највеќе ги има во Соединеите Американски Држави (САД), но многу малку од нив има на Балканот.

Во Србија има само неколку, еден во Ниш, по два во Белград и Нови Сад. Четири крипто банкомати има во Приштина, во Косово.

Шест банкомати за криптовалути има во Босна и Херцеговина-три во Бања Лука и три во Приједор. Официјално, во Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, банкомати за криптовалути нема, пишува црногорскиот финансиски сајт „bankar.me“.

Фото: Reuters

Како криптовалутите станаа интересни на Балканот?

Иако во голем дел се нерегулирани, криптовалутите уживаат се поголемо внимание и на пазарите на Балканот. Во Црна Гора со овие валути се разменуваат добра и услуги, јавуваат црногорските локални медиуми.

Во некои маркети во Хрватска од декември 2021 година купувачите можат да плаќаат со криптовалути во својата онлајн продавница. На тој начин, сопствениците на криптовалути можат да купуваат намирници од онлајн продавницата на маркетите.

Интересот за криптовалутите во регионот почна кон крајот на 2017 година, кога првпат вредноста на биткоинот достигна до ниво од 20.000 долари. Не помина многу време, а интересот за криптовалутите во соседството порасна.

Кон почеоткот на 2018 година, дигиталните часовници во Европа почнаа да доцнат, а истрагата утврди дека напонот, кој доведе до доцнење на европската струјна мрежа го подигнува масовното „рударење“ по криптовалути на северот на Косовска Митровица.

Дигиталните часовници приклучени на електрична мрежа во Европа почнаа да ги „голтаат“ минутите поради до тогаш не очекуваните флуктуации и пореметувања во напонот. Најпрвин, „изгубени“ се три минути во јануари 2018 година, а потоа уште три во февруари, истата година.

Беше утврдено дека овие „струјни удари“ поттикнуваат од северот на Косово и дека на таа територија масовно се „копаат“ криптовалути.

Според анализата на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (GI), три луксузни станови во Будва се продадени за 420 биткоини (3,3 милиони долари), додека „локалното инвестициско здружение промовира употреба на дигитални валути во хотели и одмараишта во оваа популарна туристичка дестинација“.

„Можно е дури и да се изнајми јахта во Црна Гора плаќајќи со криптовалути. Компанијата која прима повеќе од 10.000 евра во готово, мора да ја пријави валутата во извештајот за трансакцијата. Но истите правила не важат за криптовалутата“, се наведува во извештајот на ГИ.

Популарно нареченото „рударење“, термин кој се однесува на потрагата по криптовалутите се повеќе зема замав и во Северна Македонија. Во последните месеци, полицијата откри неколку случаи на илегално приклучување на струја на граѓани кои на тој начин се обидуваат да ја зголемат сумата во својот дигитален паричник.

TRT Balkan
Популарни