Трговската размена помеѓу Хрватска и Туркије расте во континуитет     Фото: АА

Хрватската стопанска комора соопшти дека од последната посета на претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган на Хрватска стоковата размена помеѓу Хрватска и Туркије континуирано расте.

„Од последната посета на претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган на Хрватска стоковата размена помеѓу Хрватска и Туркије континуирано расте и во 2021 година во вкупниот износ изнесуваше 845,5 милиони долари. Иако дефицитот на стоковата размена константно расте на хрватската страна, евидентен е раст на хрватскиот извоз во Туркие по повисоки стапки отколку што е тоа растот на увозот“, наведува директорката на Центарот за интернационализација на работење на Хрватската стопанска комора (ХГК) Силва Стипиќ Кобали.

„Претседателот Ердоган во 2016 година изрази желба трговската размена помеѓу Хрватска и Туркије да достигне милијарда долари, што е остварено, но имајќи го в предвид рекордниот износ на вкупната трговска размена во првите пет месеци од 2022 година (501,8 милиони долари) реално е да се очекува да се приближиме кон тој износ оваа година. Посебен поттик на тој раст сигурно ќе придонесе турскиот интерес за вложување, првенствено во обновливи енергетски извори и туристичкиот сектор, како и големи инфраструктурни проекти за кои за изведувачи се избрани турски компании. Исто така, кон достигнувањето на тој износ ќе придонесе и глобалната интенција за скратување на ланците на добавување и добавувачи ќе се бараат во поблиските дестинации“, наведе Стипиќ Кобали.

Во 2021 година забележани се рекордни износи на извозот и увозот, така што извозот од Хрватска во Туркије изнесуваше 318,8 милиони долари, додека увозот од Туркије изнесуваше 526,8 милиони долари.

TRT Balkan / агенции
Популарни