Туркије, поради поволната географска положба, во близина на земјите членки на ЕУ, станува се поважна за логистичкиот сектор.          Фото: АА

Туркије се претвора во истакнат центар на можности за многу германски компании поради предизвиците што ги поставуваат кревките синџири на снабдување, изјави Тило Пал, генерален директор на прекуокеанската турска стопанска комора за германскиот весник Ханделсблат (Handelsblatt).

„Глобалната криза во синџирот на снабдување изненадувачки ја прави Туркије омилено место за германските увозници и извозници“, рече Пал во текстот објавен во вторникот.

Тој нагласи дека Туркије, поради поволната географска положба, во близина на земјите членки на ЕУ, станува се поважна за логистичкиот сектор.

Тековниот руско-украински конфликт неодамна принуди некои компании да ги преселат своите бизниси во земјата, рече Пал.

„Постои потенцијал да се создаде проширен трговски коридор од Азија до Европа преку Туркије.

Тобијас Барц, извршен директор на германската компанија „Ренус“, исто така рече дека западните компании сакаат да ги преселат своите операции од Азија во региони близу Европа.

„Тукије, со своето многу младо и добро образовано население, е идеално место за производство и трговија“, изјави Барц за весникот.

Обемот на извозот на Туркије во пораст

Многу компании сега претпочитаат да ги извршуваат своите бизниси од локации каде што се можни испораки преку воз или камиони во случај на итност, се додава во извештајот.

Турската економија брзо одговори на оваа нова потреба.

Извештајот, исто така, истакна дека турските претприемачи успешно ги пополниле празнините во глобалниот синџир на снабдување со турски производи и покрај предизвиците што ги носи пандемијата „Ковид-19“.

Обемот на извозот во Туркије значително се зголеми во последните години и покрај кризите во светот и постојаната инфлација.

Обемот на странски директни инвестиции изнесуваше 464 милиони долари пред почетокот на војната во Украина во февруари.

Оваа бројка достигна 1,7 милијарди долари во јуни минатата година, според Централната банка на Туркије.

TRT Balkan
Популарни