Во Хрватска хотелите се затвораат порано од било кога поради трошоците     Фото:  Ројтерс

Енергетската криза би можела да го врати хотелиерскиот бизнис во Хрватска 30 години наназад бидејќи сопствениците на хотели не можат да ги издржат големите трошоци за овие угостителски објекти да работат надвор од главната сезона.

Ова се случува кога Хрватска по многу труд и во претсезоната и по сезоната привлече голем број туристи , но тековната енергетска криза предизвикува назадување.

Високите цени на електричната енергија, потврдуваат хотелиерите, оваа и следната година ќе предизвикаат затворање на голем број хотелски објекти како никогаш претходно, а изгледа и дека во текот на зимата ќе бидат отворени досега најмал број хотели бидејќи на многумина не им се исплати да работат во текот на целата година, анализира хрватски Јутарњи лист,.

Рапидниот раст на цените на енергијата оваа и следната година би можел да ги втурне во зимски сон хотелите со голема неизвесност дали повеќето ќе бидат отворени пред мај, што е прилично проблематично со оглед на тоа дека претсезоната во Хрватска главно почнува за велигденските празници, кои следната година ќе бидат на почетокот на април.

Од „Валамар Ривиера“ истакнуваат дека со сегашната цена на енергијата, инфлацијата и значителниот раст на тековните трошоци, работата на објектите надвор од главната сезона веќе сега станува економски неодржлива. Токму затоа компанијата веќе оваа есен ги затвора речиси сите хотели, кампови и летувалишта месец до два порано, а во текот на зимата од 55 објекти во Хрватска ќе останат само три.

Високите трошоци ќе предизвикаат промени и во начинот на работа на хотелската компнаија „Маистра“. Според моменталниот план, отвореноста на хотелите до крајот на годината ќе биде иста како и во текот на 2019 година, но промените ќе следуваат во 2023 година кога компанијата ќе биде приморана да го скрати бројот на оперативни денови.

„Сега е веќе извесно дека ќе имаме значително помали отворени објекти отколку што тоа беше случај во изминатите години“, порачуваат од „Маистра“, додавајќи дека следните два месеци во Ровињ ќе бидат отворени уште шест хотели.

Промени не очекуваат во „Блусан“ (Bluesun) во кој, токму како и во 2019 година, нема да има отворени хотели, но порачуваат дека вкупниот пораст на трошоците на енергентите ќе биде поголем од планот за 60 отсто на ниво на година.

TRT Balkan / агенции
Популарни