Во кои сектори компаниите остваруваат најголем промет?/                        Photo: AA

Во текот на минатата година во рамките на македонската економија имало 68.004 пазарно ориентирани деловни субјекти. Тие биле активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности, кои оствариле вкупен промет од 2.078.605 милиони денари и додадена вредност од 445.041 милион денари, покажуват податоците објавени во извештајот на Државниот завод за статистика.

За ангажираните 433.008 вработени, издвоени биле 229.053 милиони денари, пренесува порталот.

Каде е остварен најголемиот промет?

Според податоците на ДЗС, најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 39.1 %, а по него следат секторот Преработувачка индустрија со 25.7 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 9.1 %, Градежништво со 6.3 % и секторот Транспорт и складирање со 5.1 %.

Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 25.9 %, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 20.8 %. Значително учество имаат секторот Информации и комуникации, кој создава 9.1 % и секторот Градежништво, кој создава 8.6 % од вкупната додадена вредност. Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (91.5 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 33.4 % од вкупно вработените, тие создале 22.5 % од вкупната додадена вредност.

Малите и средните претпријатија ангажирале речиси 40% од вработените

Големите претпријатија, со учество од само 0.2 % и со ангажирани 26.7 % од вработените, создаваат 32.4 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија (13.3 %).

Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 39.9 % од вработените и создадоа 45.1 % од вкупната додадена вредност во деловниот сектор.

TRT Balkan
Популарни