Многумина вработени почнаа да ја напуштаат компанијата Твитер, откако сопственикот Илон Маск ги повика да бидат спремни на прекувремена работа или да си дадат отказ.
Интернет сајтот ”The Verge“, во чиј фокус на работата се вестите од светот на технологијата објави дека на Слак „Slack“, каналот за интерно допишување меѓу вработените во Твитер се споделени многу пораки со кои се известува дека некој дал отказ.
„И така по 12 години го напуштив Твитер“, напиша инженерот Сатањев Банерџи.
Друг вработен нагласи дека „работата ја завршил во Твитер 1.0“ и дека „не сака да биде дел од Твитер 2.0“.
„Ова место го напуштаат сите кои го направија исклучително. Вработените кои остануваат, колку и да работат, тешко ќе го спасат Твитер’, напиша еден од вработените.
Од друга страна, весникот „Њујорк Тајмс“ (The New York Times), објави дека Маск се состанал со „вработените чија работа е клучна“ и се обидел да го спречи нивното заминување.
„Со нетрпение чекаме со вас да работиме на возбудливата иднина на Твитер“, напиша во пораката до неколкумина вработени која ја објави Си-ен-ен (CNN).
„Њујорк Тајмс“ јави дека Твитер поради заминувањето на вработените привремено ги затворил канцелариите. Наведено е дека канцелариите ќе бидат отворени на 21 ноември, но деталите за причините на затворањето не се познати.
На 16 ноември, оваа година, кога Маск ги повика вработените да бидат спремни на долго работно време или да дадат отказ во рок од 36 часа, компанијата имаше 2.900 вработени.
Маск во мејл напиша дека оние кои даваат отказ ќе добијат отпремнини во износ од најмалата плата.