Најголем проблем предизвикуваат т.н. ПМ честички     Фото: / Photo: AA

Речиси 240.000 луѓе во Европа предвреме починале како последица на загадениот воздух во 2020 година, поточно само како последица на изложеност на штетните ПМ 2.5 честички.

Европската агенција за животна средина (ЕЕА) идентификува различни загадувачки агенси на воздухот и одвоено ги брои смртните случаи за да нема удвојување на податоците.

Така на пример посебно се бројат штетите предизвикани од натриум диоксид од чие загадување починале речиси 50.000 луѓе, додека пак од изложеност на озонската дупка биле изброени уште 24.000 смртни случаи во земјите членки на Европската Унија за 2020 година.

Според методологијата на ЕЕА здравствените последици од различни загадувачи на воздухот не треба да се додаваат заедно, поради одредени преклопувања на податоците.

Зошто ПМ 2.5 честичките се толку опасни?

Загадениот воздух во секој случај се смета за една од главните закани за здравјето на европските граѓани, проценува ЕЕА. Најголем проблем предизвикуваат т.н. ПМ честички, односно нивоа на концентрации на микро честички помали од 2.5 микрони.

Бидејќи се помали и полесни од тешките честички, дури и од штетните ПМ 10 честички, предизвикуваат подолготрајно задржување во воздухот и навлегување во респираторниот систем. Освен длабоко во белите дробови може да навлезат и во циркулаторниот систем.

Според медицинските студии овие честички предизвикуваат белодробни и срцеви заболувања, и може да предизвикаат или влошат тешки хронични болести како астма, бронхитис и други.

На што се должи ова загадување?

Главниот извор на ПМ честичките е од согорување на горива во домаќинството, индустријата и комерцијалниот сектор, најчесто како резултат на загревање на просториите. Исто така во загадувањето со ПМ честичките учествуваат сообраќајот и земјоделството.

Европската Унија има план до 2030 година да го намали бројот на предвремено починати од загадувањето на воздухот и околината за околу 55%, додека пак поамбциозниот план до средина на векот е да има нула емисии на загадување.

Сепак, добар дел од загадувањето „патува“ кон земјите членки надвор од територијата на ЕУ, како на пример штетните последици од горењето јаглен од производството на електрична енергија во Западен Балкан.

Иако, ЕУ има амбициозни планови и финансиски фондови од стотици милијарди евра за енергетска транзиција и целосно напуштање на фосилните горива, овие фондови за земјите од Западен Балкан се речиси минимални.

TRT Balkan
Популарни