Јапонски научници открија варијанти на протеини кои се зголемуваат за време на вежбањето и го забрзуваат согорувањето на мастите.
Според порталот „Japan Today“, истражувачите од Универзитетот Коби пронашле начин да развијат нов лек кој ќе овозможи слабеење без диета.
Истражувачите истакнаа дека различни варијанти на протеинот „ПГЦ-1a“ се произведуваат во скелетните мускули на луѓето кои вежбаат, додавајќи дека зголемувањето на различните варијанти го зголемува трошењето на енергија на луѓето, што им помага да согоруваат повеќе масти.
Истражувачите кои ги проучуваат човечките скелетни мускули откриле дека алтернативните варијанти на „ПГЦ-1a“ исто така се зголемуваат за време на вежбањето.
Утврдено е дека производството на овие варијанти варира од личност до личност, па дури и кога луѓето ја прават истата вежба, се постигнуваат различни резултати за губење на тежината.
Во третманот на дебелината главно се препишуваат лекови кои го потиснуваат апетитот. Се наведува дека со најновите откритија, можеби е можно да се најдат нови лекови кои ќе помогнат во согорувањето на мастите без вежбање.
Професорот од Универзитетот Коби, д-р Ватару Огава, рече дека резултатите од истражувањето би можеле да бидат значаен напредок во третманот на болестите поврзани со дебелината.
Истражувањето е објавено во европското научно списание „Molecular Metabolism“.
Дебелината е медицинска состојба во која вишокот телесни масти се акумулира до тој степен што има негативно влијание врз здравјето, што може да доведе до скратен животен век или зголемени здравствени проблеми.
Во западните земји, луѓето се сметаат за дебели кога нивниот индекс на телесна маса (БМИ), мерка што се добива со делење на висината на лицето со математичкиот корен на тежината на тоа лице, надминува 30 кг/м2 додека опсегот помеѓу 25 и 30 кг/м2 се смета за прекумерна тежина.
Во некои источноазиски земји се користат уште попрецизни и построги критериуми.
Дебелината го зголемува ризикот од разни болести, особено срцеви заболувања, дијабетес тип 2, опструктивна ноќна апнеја, одредени видови на рак и остеоартритис.